"Разбирливо е дека новинарите, економистите и останатите набљудувачи ќе сакаат предвремено да ѕирнат во празничните шопинг планови на Американците. На потрошувачката на консументите отпаѓаат речиси 70% од американската економија, а празничната сезона сочинува несразмерен дел од оваа потрошувачка. Речиси една петина од продажбата на мало се случува во ноември и декември...
За жал првичните извештаи од Црниот петок нема да содржат речиси никаква информација за состојбата на економијата," пишува Бен Каселман на сајтот за статистики 538.
Каселман предвидува дека извештаите хронолошки ќе течат по следниот редослед:
- прва рудна стории, кои би требало да го наполнат инаку новински залежаниот викенд, речиси комплетно анегдотични, на тема колку луѓе се појавиле во трговскиот во која се нашла ТВ екипата; годинава колку биле долги редовите во споредба со минатата година, според сведочењето на менаџерот на трговскиот, кој има директен интерес да претстави добри резултати од продажбата; колку е потрошено според сведоштвата од грст семејства подготвени да зборат пред камера.
- втора рунда почнува во недела навечер или понеделник наутро, кога се прават првите обиди да се премине од анегдотите на вистински бројки. "Ама како што блогерот и инвеститор Бери Рихолз тоа го тврди со години, првичните бројки од продажбата на Црниот петок во најдобар случај се несигурни а во најлош комплетно бескорисни за предвидување на празничната продажба."
Традиционално бројките кои ќе добијат најголемо внимание и време во медиумите се статистиките од тамошната Национална федерација за малопродажба. Минатата година тие пресметаа дека продажбата за празникот паднала 11% во однос на претходната година. Меѓутоа кога Департманот за трговија објави бројки според кои излезе дека малопродажбата пораснала за 4%.
"Не е изненадување што бројките на Федерацијата, објавени во недела по Денот на благодарноста, не ја предвидуваат прецизно празничната сезона. Прво, тешко е, на раб со невозможно, толку брзо да се извадат основани бројки. На владата и требаат недели за да ги извади дури и прелиминарните бројки од продажбата, вработувањата и останатите економски индикатори, и овие бројки се ревидирани како што почнуваат да излегуваат покомплетни информации. За да ги извади бројките во овој рок, Федерацијата спроведува сопствена анкета пред да заврши викендот за Денот на благодарноста, при што луѓето ги прашува колку очекуваат дека ќе потрошат во текот на викендот," објаснува Каселман.
Подеднакво различни бројки минатата година извадија и Шоперток, кои директно од продавниците собираат бројки за потрошувачката, и МастерКард кои собираат бројки за потрошувачката од своите клиенти. Првите рекоа дека продажбата паднала за 0,5%, вторите дека пораснала за 3,6%.
Каселман предвидува дека дури и најпрецизно да знаат колку им била потрошувачката за Денот на благодарноста, тие пак нема да можат да ја предвидат потрошувачката за празниците. Проблемот е што потрошувачите ги имаат сменето своите навики, па сега, според ланските бројки на Мастеркард, 23-ти декември е поголем ден за шопинг дури и од Црниот петок.