Меѓу опоменатите од тамошното тело за заштита на потрошувачите се и Дејвид и Викторија Бекам, Џенифер Лопез, чопорот Кардашијан и други.
Регулаторот уште од ноември собирал материјали за бесрамното промовирање производи по Инстаграм и другите канали при што таканаречените инфлуенсери кријат дека се платени да се одушеват од некој производ. Секое писмо до 90-тината познати лица било проследено со скриншот од нивното скриено рекламирање.
Бирото за заштита на потрошувачи ги потсети дека материјалните врски со брендовите мора да бидат јасно обелоденети кога се препорачува некој производ на социјалните мрежи.
Минатата година беа опоменати и компании кои плаќаат луѓе да ги носат или користат нивните производи и притоа да се фалат со нив на Инстаграм. Меѓу нив и производителот на облека Лорд и Тејлор кои се соочуваа со вкупна казна од 800.000 долари ако продолжат со ваквата навика.
„Инстаграм е станат Дивиот запад на прикриеното рекламирање и таргетирање млади луѓе, особено девојки. Ова нема да се смени доколку регулаторот не реши цврсто да ги одбрани базичните принципи на фер рекламирање“, соопшти една невладина организација која се занимава со правата н потрошувачите.