Таг: реклама

На Мунк не му се допаѓа ова: Кока-кола користи славни слики за рекламни цели

На почетокот на 1960-тите Ворхол уметнички го коментираше масовното производство со тоа што „портретираше“ конзерви супа Кембелс и шишиња Кока-кола. Повеќе од пет децении подоцна, како возвратен потег, компанијата ќе ги користи неговите, и дела на други славни сликари, за сопствена реклама.

Снимањето на едно виски

Предлогот на дечкото е следниот: да ви покажам како ќе снимам реклама за виски што никој не ја побара, за да може и вие да снимите слично / исто, и после да ја продадам и да фатам нов клиент. Не е апла без опрема, ама па и не е филмско студио.

Убаво е да се шегувате на сопствена сметка како Специјалниот

После брат му на Рајан Гигс, букмејкерската куќа Paddy Power сними рекламна кампања и со својот нов амбасадор, Жозе Мурињо. Целата реклама зборува за интересните моменти низ кариерата на Жозе, кој имаше и големи падови како тренер.

Гласот кој кршеше стакла

Koга научно-популарен мит ќе се спои со џез легенда во антологиска рекламна кампања.

Гризман ги прослави головите на необичен начин, како Леброн и Џордан

За првите два гола на Гризман во дресот на Барса требаше да чекаме до 2 коло. После вториот гол на мечот против Бетис синоќа, Французинот дотрча пред трибината и фрли конфети во воздух со рацете во вис. Ваков ритуал има Леброн Џејмс.

Најлошата реклама некогаш снимена со Роналдо

Shopee (Шопи) е сингапурска платформа за онлајн пазарење. За последната, најнова реклама решиле да го ангажираат најдобриот фудбалер на светот според ФИФА, Кристијано Роналдо. А тој кога видел што ќе снима, поарно да не снимал.

Пријатели, да не се заборавивте малку со рекламата на дресот

Ова би прошло можеби во некоја друга земја, особено во нашиве краишта, ама во Англија регулативите на ФА се толку строги, што дресовите уште не доставени, ќе мора да ги враќаат назад. Назад!

Орегон, магично

Комплет научна фантастика, ама сепак магично.

Чипсот кој го прославија фудбалери и кој Меси го рекламира за 7 милиони евра годишно

Детството на голем дел од фудбалските миленијалци помина со легендарните реклами на Пепси со фудбалски ѕвезди. Нив ги снимаше американската компанија PepsiCo која освен што го произведува познатиот напиток, произведува уште десетина други производи.

Koга здравјето зависи од зборови

Светот на рекламите и маркетингот ни асоцира на конзумеризам, манипулација, генерално лага и измама. И ова е честа тема за расправа со пријатели кои работат во овие сектори. Но со една реклама успеаа за момент да нè замислат, дека можеби понекогаш, само понекогаш, е поинаку.

Најреалната реклама во која се појавува Кристијано Роналдо

Постара е, ама многу добра и неверојатно реална. Кристијано Роналдо се појавува како главен лик во реклама на француската телекомуникациска компанија SFR (Société française du radiotéléphone).

Си се заиграл со Меси, Зидан, Лампард, Кака, а те викаат одма дома да одиш

Што знаат дома кои се најголемите ѕвезди на фудбалот во последните 50 години? А малиот Хозе таман се заигра.

Како можела да се рекламира „Моби Дик“ во 19 век?

Вчера, 14.11, се навршија 167 години од првото објавување на „Моби Дик“, ремек-делото на Мелвил. Еден замислен текст за тоа како би изгледало промовирањето на книгата пред повеќе од век и половина, кога немало социјални мрежи и Букбокс?

Додека некои голмани киснат по кафани, исландскиот е врвен режисер

Пред секој голем спортски настан Coca-Cola традиционално снима реклами поврзани со некоја од земјите учеснички. Исландското видео за Светско е врвно а го режирал голманот на оваа репрезентација.

Сјајна реклама на Кока Кола за Исланд на Светско 2018

Ја добија најтешката група на Светско. Ќе играат против - Аргентина, Хрватска и Нигерија, ама тоа нема да им смета да го демонстрираат својот исландски нарав и борба до последен здив.

Зошто Меси се сликал со кози?

Лионел важи за најдобриот играч на сите времиња, а скратен термин за оваа дефиниција е G-O-A-T или Greatest Of All Time.

Рекламата на Најк за Бразил 2018 како легендарната од ’98-ма

Точно 20 години по легендарниот Мундијал во Франција, во Бразил се сними слична реклама како за тоа Светско. Само тогаш со легендарните Роналдо, Ромарио, Денилсон, Леонардо, Кафу, Лусио, а сега со некои нови клинци.

Како Бироф, Тоти и Фиго им бегаа на нинџи со топка

Во 2000-та година од Најк ептен влегле во филм, ама ептен. Смислуваат една невозможна мисија која трае 90 секунди и во која задача од Луј Ван Гал добиваат Бироф, Таката, Турам, Тоти, Давидс, Фиго и Гвардиола.

Сте можеле да го поштедите од рекламава

Упатството вели го буташ во уста два пати на ден по 30 секунди. Зошто? За мускулите на образите. Толку. Не зборуваме ништо повеќе за најглупавата реклама во која е ангажиран најдобриот фудбалер во светот.

Реклама со Шмајхел од 1998-ма, дал да се смееш или плачеш

Легендата на Манчестер Јунајтед пред скоро 20 години се нашол во една доста непријатна ситуација, а тоа е да прифати главна ролја во една реклама за сланина, за која потоа ќе го искинат другарите од реметење. Шмајхел во една сцена е кувар и свири на контрабас со голмански ракавици. Каде бе со вакви идеи, режисерот одма на суд.

Опомена за платените препораки

Преку 90 познати фаци од САД добија предупредување во иднина на своите фанови да им откриваат кога се платени за да препорачаат некој производ. Инстаграм и другите платформи се станат елдорада на скриеното рекламирање и таргетирање млади луѓе. 

Како Пепси толку многу згреши со рекламата со Кендал Џенер

За тие што не ја видоа: видео што ги покрива сите мулти-култи ставки од муслиманки со фереџе, црнци, ЛГБТ луѓе, до латиноси, жолти, кафеави и бели, сите тргнати во протест против репресивните власти и во моментот пред сето ова да експлодира, работата ја смирува Кендал Џенер (тазе избегана од фото-сесија) - со лименка Пепси. Глобалната реакција на видеото, обединета како ретко кога, а шаренолика како и самиот кастинг на рекламата беше - па дај молим те.