Чипсот кој го прославија фудбалери и кој Меси го рекламира за 7 милиони евра годишно

Детството на голем дел од фудбалските миленијалци помина со легендарните реклами на Пепси со фудбалски ѕвезди. Нив ги снимаше американската компанија PepsiCo која освен што го произведува познатиот напиток, произведува уште десетина други производи.

Според едно истражување спроведено за PepsiCo, пласманот на фудбалскиот пазар ја зголемил познатоста на брендот ширум светот на дури 40%, а со тоа и бројот на луѓето кои сакаат да го купат овој пијалак за 30%.

После неколку години од легендарните реклами, PepsiCo одлучил да го повтори успехот, овојпат со вториот најважен производ на компанијата - чипсот Лејс, најпопуларниот чипс на светот.

Frito-Lay, компанијата која почнала да го прави Лејс, од 1965 година е под закрила на PepsiCo. Годишно Frito-Lay произведува околу 50 тони чипсови од чија продажба PepsiCo заработува огромни приходи.

РОНАЛДИЊО ПРВ ОД ФУДБАЛЕРИТЕ ГО ПРОМОВИРАШЕ ОВОЈ ЧИПС

Логично, PepsiCo уште од старт сакал главна улога во рекламите да имаат ѕвездите. Прв го исконтактирале Роналдињо уште во 2006 година, пред стартот на Светското првенство.

На почетокот, рекламата ни покажува тунел каде играчите на репрезентацијата на Бразил се спремаат да истрчаат на терен на Светското. Еден дечко му нуди чипс на Роналдињо, а тој потоа му го грабнува и трча по теренот па на трибините: идејата била да ја најде мајка му за да и подари чипс Лејс:

Роналдињо снимил реклама за чипсот и за руски пазар, кога режисерот Скоти Бергштејн замислил Бразилецот на аеродром да сретне девојка која јаде Лејс и му нуди да проба од чипсот само ако каже на руски неколку збора:

Рекламата со Рони се испоставила суперефективна. „Продажбата на Лејс со вкус на бели печурки порасна за 170%. Тоа е неверојатно!, рекол тогаш извршниот директор Стивен Рејнемунд. Во PepsiCo тогаш сфатиле дека експериментот со фудбалскиот аудиториум дава моќни резултати и за чипсот, не само за сокот Pepsi.

Во меѓувреме снимиле и реклама со Андреј Аршавин кој играше во Арсенал. „Сфативме дека Аршавин не само што е добар фудбалер, туку е и добар во отворена комуникација со луѓето“. The Independent пишал дека некогашниот руски репрезентативец за оваа реклама добил 2 милиони евра.

ДЕНЕС ГЛАВНА ЅВЕЗДА НА ЛЕЈС Е МЕСИ

Во 2014 година производителот на чипсот Лејс започнал агресивна кампања на пазарот и потпишал договор со најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, Лионел Меси. Лео станал лице на брендот со договор на 10 години. Снима реклами, се појавува на билборди и на опаковки од чипсовите.

Според информациите на шпанскиот Forbes, за секоја година работа со PepsiCo, Меси заработува 7 милиони евра!

Во пролетта 2014 PepsiCo во пресрет на Светското првенство ја пуштил во етер првата реклама во која се појави Меси. Лео во неа игра во Рио де Жанеиро со чипс Лејс во рацете а локалците постојано доаѓаат да се сликаат со него.

На крајот Меси сфаќа дека луѓето „доаѓаат за чипсот, а не за него“ затоа што секој му земал по малку:

После неколку недели по стартот на рекламата Барселона испаднала во 1/4 финалето од Лига на шампиони од Атлетико. На интернет се појавила теорија за наводно „проклетство“ на Лејс. Оние кои ја ширеле оваа теорија тврделе дека секој што ќе сними реклама за чипс, наскоро има проблеми во кариерата.

Роналдињо така го продадоа од моќната Барса на Пеп во Милан каде имаше „дом за стари и изнемоштени лица“. Аршавин падна во заборав, изгуби место во Арсенал и заврши на насловни страни на англиските таблоиди дека пијан направил беља во ноќен клуб.

Лионел се појави во уште една интересна реклама за чипсот Лејс во 2016, со италијански „шмек“:

Аргентинецот не патувал до Италија за рекламата, туку аа е снимано во студио, а италијанската придружба е направена во графичка редакција.

Во февруари 2019 година, специјално за нокаут фазата во Лига на шампиони, чипсот Лејс пуштил нова реклама со Меси. Капитенот на Барселона е во улога на диригент кој се спрема да излезе на сцена: облечен во смокинг, со лакирани чевли и класична музика во позадина. Тука првпат после долго време се појави со избричена брада:

После пар недели се појави и продолжение на рекламата: на диригентот Меси му се приклучи и Де Хеа во улога на оперски пејач:

Walkers и Гери Линекер - уште една врвна соработка меѓу чипс и фудбалер

Лејс не е единствениот чипс кој го рекламирале фудбалери. Најголемиот британски бренд за чипсови Walkers (фабриката во Лестер днево произведува милиони кесички), од 1989 година е под закрила на гигантот PepsiCo. Од таа причина и рекламите за Walkers се со фудбалери. Поточно со еден поранешен, но легендарен.

Од 1995 година амбасадор на Walkers е Гери Линекер. Според последниот договор Гери заработува 1,5 милиони фунти годишнно од брендот. Рекламните кампањи со него се мега популарни во Британија.

Во 2004-та Линекер снимил реклама во која сака да му украде чипс на едно дете од раце, но во последен момент му се јавува совеста а се појавуваат и ангелче и ѓаволче:

Во 2013 година Walkers снимил уште една интересна реклама со Линекер во супермаркет

Во 2014-та во центарот на Лондон наместиле три продажни автомати во кои седел Линекер, а секој кој ќе твитнел на акаунтот на Walkers бесплатно добивал чипсови: