Погледнете ги со време овие залудно потрошени 15 секунди со играчи кои настапуваат во МЛС лигата, бидејќи од што е глупаво видео, сигурно наскоро ќе биде тргнато од интернет. Па ова е човече клип како од Нинџа Желки.
Толку беа добри што не правеа разлика дали играат во соблекувална, на аеродромска писта, на улица или на терен. Фудбалот го играа со леснотија. Роналдињо, Роналдо, Робињо, Адриано, Роберто Карлос...
Хенрик Михтарјан реши да ги поздрави навивачите на Манчестер Јунајтед од Јужна Кореа и да им честита празници. Ама пред да почне, зад сцената настапи кој друг ако не Златан.
Французинот летово стана најскапо платениот фудбалер во историјата на фудбалот откако Манчестер Јунајтед го купи од Јувентус. Дресот на Погба е еден од најпродаваните во светот, а неговиот спонзор Адидас направи врвна реклама која ги опфаќа неговите почетоци.
Кога ќе се спомне Бекам и реклама за Пепси сигурно веднаш на памет ни паѓа онаа со детето кога ја брише лименката и му го враќа подарениот дрес. Во серијата реклами Пепси сними и една врвна на тема среден век која сме ја подзаборавиле од времето.
Минесота Јунајтед, екипа која настапува во втората лига во САД играше пријателска против англискиот Борнмут која заврши 0:4. Главната катастрофа беше автоголот на голманот Семи Нџока при резултат 0:1 за Борнмут. Никој не го обвини, а некој профитираше.
Конечно некој да има каже доста на оние манипулативни реклами кои сугерираат една илузија дека нивниот лек точно да знае каде да отиде во телото и таму на лице место да го среди проблемот.
Дедо Агустин де ла Фуенте Квинтана бил првиот социос (член) со членска карта на Атлетико Мадрид. Ја поседувал цели 73 години. Во 2005. година се појави во рекламата за Колчонерос, а почина истата година на 92 години во Мадрид.
„Игра само тој што ќе заслужи, сфаќаш? Ако не се трудиш, остануваш надвор", вели Чоло во најновата реклама на главната железничка компанија Ренфе Боно само што наспроти него не седи играч на Атлетико Мадрид, туку...
Не паѓај и не се откажувај е мотото на новата реклама на Гејторејд, негазиран безалкохолен спортски пијалак кој пример за успешност зема од најдобриот светски играч според ФИФА, Лионел Меси.
Одлуката на Португалецот да се појави во една израелска реклама за брз Интернет ги налути Палестинците кои по социјалните мрежи пишуваа дека отсега Меси им е омилен играч.
Kултната серија Твин Пикс, која ги одбележа 1990-тите, неодамна наполни 25 години. Се изнапишаа куп анализи и ретроспективни есеи за откачениот стил на Линч, кој доследно си се држи до него. Дури и во најновата реклама за - лак за нокти.
По мизерната сезона во која за прв пат по 25 години Манчестер Јунајтед остана без настап во Европа, триото Де Хеа, Ван Перси и Јанузај за казна добија задача да рекламираат ќофтиња во Кореја.
Нејмар, Давид Луиз, Тиаго Силва, Паулињо, Роналдо (оригиналниот) и селекторот Сколари се дел од имињата кои се појавуваат во новата фантастична реклама на Најк.
Познатата американска компанија за продажба на спортка опрема "Foot Locker" сними одлична реклама во која Карји Ирвинг од Кливленд си го замислува совршениот свет каде помеѓу другото Мајк Тајсон му го врати увото на Ивандер Холифилд, а Денис Родман го испратија во Северна Кореја и тоа во еден правец.
Главниот спонзор на англиската Премиер лига, банката Барклис, сними одлична реклама посветена на навивачите и нивните навики на денот на одигрување на натпреварите. Еден од главните ликови е Били Ингам, 86-годишен навивач на Еверток кој 70 години ги следи натпреварите на овој тим.
Ако сте приморани по цел ден да гледате цртани на некој од странските канали сигурно сте забележале дека во нив често се провлекува и по некој скриен цитат, иронија или референца кои како да сакаат кажат: јас (цртачот/сценаристот на глупиов цртан) бев роден и образован за повеќе од ова.
Однесувањето на Луис Суарез на теренот му направи многу проблеми во неговата кариера, а преку рекламата на уругвајска компанија и хумор на своја сметка, напаѓачот на Ливерпул ни покажа зошто не би сакал да работиш со него.
Зоолошката градина од Ротердам е нов спонзор на фудбалскиот клуб Ротердам и за да го одбележат новото партнерство тие снимија одлична реклама во која главната улога ја има пензионираната легенда на холандскиот фудбал, Џовани ван Бронкхорст.
Авион полн со хобити, орки и други чудни суштества лета накај Средна Земја, и добива инструкции за безбедност на летот од стујардеса-елфка. Не, не е извадок од новиот „Хобит". Видео за безбедност на лет е.
Во нова реклама на AT&T за нејзината 4G мрежа американскиот маратонец Рајан Хол додека трча слуша стриминг на цела Хомерова „Одисеја". Некого не го мрзело да пресмета колку тоа километри требало да претрча ако е ова верно.