
Можеби токму така се чувствувал и овој копирајтер кога му рекле дека треба да смисли реклама за - тоалет хартија. Веројатно на ум му бил тешкиот „процес" низ кој човек поминува во осаменоста на четирите ѕида на WC-то, или отсекогаш посакувал Грегор Самса да не се претворел во бубачка туку во - слатко мече. Еве сега тоа и му се остварило.
Чисто медицински, и без намера да ви ја нарушиме идилата, долгото седење на шоља со книга, списание или во медитација не се препорачува.