Во пресрет на „Хобит: неочекувано патување", прв од планираната трилогија на Џексон, Новозеландска авио компанија направи видео за безбедност на летот во кое учествуваат нам познатите ликови - Леголас, Голум, Гандалф (кој нормално е пилотот), и самиот режисер Питер Џексон.
Во видеото учествуваат и двајца супер-Хобит фанови кои можноста за учество ја добиле преку најголемата фан страница на Толкин - TheOneRing.net. Уште поинтересно е што Мајк и Ројд Толкин, двајца чукун-внуци на Толкин, се исто така во видеото (едниот е Гандалф).
На денот на премиерата, 28. ноември Air New Zealand планира пуштање на тематско летало, кое ќе сообраќа на некоја од вообичаените дестинации. Со тоа всушност ќе започне двегодишната глобална маркетинг програма на истата компанија која ќе биде посветена на трилогијата.