Израелската реклама со Кристијано Роналдо

Одлуката на Португалецот да се појави во една израелска реклама за брз Интернет ги налути Палестинците кои по социјалните мрежи пишуваа дека отсега Меси им е омилен играч.

Секоја акција на Кристијано Роналдо надвор од теренот не може да помине незабележано и без полемика. Ѕвездата на Реал Мадрид се појави во рекламен спот за комапнијата Хот.
„Кружат гласини дека станувам ѕвезда во Израел, но не поради фудбалот, туку поради една реклама за Хот“, напиша самиот Роналдо на Твитер.
Во рекламниот скеч, Португалецот разменува неколку реда муабет со тројца израелски комичари, во соблекувалната на еден локален клуб кој само што добил засилување.
 
Тројцата фудбалери чекаат да видат кое е тоа засилување, претпоставуваат што може да биде кога е платен 1 долар, но кога го гледаат трократниот добитник на Златната Топка се шокираат. Од друга страна, рекламата не наиде на одобрување меѓу Палестинците кои се во конфликт со Израел.
„Со тебе завршив. Сега ќе го гледам само Меси“, пишал еден Палестинец на Твитер.
11 февруари 2016 - 11:33