Гризман ги прослави головите на необичен начин, како Леброн и Џордан

За првите два гола на Гризман во дресот на Барса требаше да чекаме до 2 коло. После вториот гол на мечот против Бетис синоќа, Французинот дотрча пред трибината и фрли конфети во воздух со рацете во вис. Ваков ритуал има Леброн Џејмс.

Најголемата суперѕвезда во НБА уште во првиот престој во Кливленд во 2006 година имаше ритуал - да дојде кај коментаторската маса, да стави пудра на дланките, да ги растрие и да фрли во воздух облак од пудра.

Во арената на Кливленд во тој момент специјално ја гасеа музиката и општото осветлување во салата, за да го акцентираат вниманието на гледачите на Леброн тогаш.

Како и многу други, така и овој ритуал беше имитација на Џордан. Големиот Мајкл исто имаше редовен ритуал со пудрата, но не јавно, туку како заеднички однос со коментаторот на натпреварите на Чикаго, Џони Ред Кер. Во шега, Џордан фрлал пудра со рацете кон Кер, а овој тогаш во шега се закашлувал и се жалел дека пудра му паднала во кафето.

Џордан го повторуваше овој ритуал и со тек на време му станал суеверие, па до крајот на кариерата во Булси, му тресеше пудра со рацете на Џони Кер во кафето.

Леброн фрлањето пудра во вис не го смета за суеверие, колку за дел од појавата како суперѕвезда и главна атракција во НБА. Ќе направи димна завеса и ќе каже: „Шоуто почнува“.

Ова дело го искористи и Најк во рекламата за Nike Zoom Lebron VI каде ритуалот со фрлање пудра во вис за димна завеса, го повторувале уличен баскетболџија, бербер, пекар, ученик итн. Познатиот огромен билборд во Кливленд за Најк исто така го прикажувал Леброн како фрла пудра:

Откако отиде во Мајами, Леброн се откажа од оваа пракса која повеќе беше театралност за публика. Во Хит реши да стане посериозен со цел да ја освои првата титула во НБА кариерата.

Кога се врати во Кавс, Леброн ги прашал навивачите на Твитер дали да го повторува ритуалот со фрлање пудра. Секако, сите биле за да го повторува. Но Леброн одново фрлал само малку на стартот на сезоната 2014/2015 и пак се откажал од пудрата.

Пред еден месец Џејмс рекол дека е можно пак да му се врати на обичајот. Тој си го врати и бројот 6 за новата сезона (на времето во Мајами носеше 6-ка), затоа што Ентони Дејвис, новајлијата во ЛАЛ го доби бројот 23 од Леброн.

Но лигата го одбила барањето на Леброн за смена на бројот, така што во моментов не се знае дали одново ќе го прави и ритуалот со пудрата.

Синоќа Гризман фрли конфети во воздух и потсети на обичајот на Џордан и Леброн. Французинот е познат како голем љубител на НБА: