Ремек-делото за Coca-Cola не е прва работа на голманот Ханес Халдорсон во производство на видеа.
За тоа дека кога ќе порасне сака да биде режисер, малиот Ханес знаел уште на 12 години кога ја снимил својата прва краткометражна комедија за суперхеројот „Летечкиот човек“. Веќе не ги памти подробно тие моменти но му се допаднало да шета по дворот со видеокамера а после да го монтира материјалот во својата соба.
Самиот Ханес вели дека тој во прв ред е режисер а дури потоа голман. Искрено признава иако важи за одличен чувар на мрежата кој бранеше на Европското 2016 и во квалификациите на Исланд за Светско 2018.
Тој вели дека основната заработка му е далеку од фудбалот и е каде каде поголема.
Негов најголем проект во режисерската кариера бил во 2012. Во пролетта таа година исландскиот дует Јон Јосеп Јонси и Грета Саломе го претставуваа Исланд на Евровизија во Баку (Азербејџан) со песната Never Forget. Ханес бил со нив и не само што го направил целиот видео спот туку бил задолжен и за тимот кој допатувал таму.
Халдорсон работи во Saga Film - најголемо независно продукциско студио во земјата кое што во Исланд донело разни телевизиски шоуа како „X Factor“, „Кој сака да биде милионер?“ и „The Bachelor“. Голманот Ханес снимал и реклами за IKEA, Coca-Cola, за спортскиот канал 2Sport2 и за многу други познати компании.
Сега неговото видео за Coca-Cola ќе стане дел од рекламната кампања на Светско 2018. Репрезентацијата на Исланд ќе игра можби во најтешката група на Мундијалот: со Аргентина, Хрватска и Нигерија.
Приказната за необичниот фудбалски пат на голманот на Исланд, Ханес Халдорсон тука.