Голманот на Исланд е режисер, снима хорор филм и спот за Евровизија

Откако дознавме за голманот на Велс кој е меѓу најдобрите уметници на оваа земја, сега се запознаваме со чуварот на мрежата на Исланд чија првична професија не е фудбалската, туку режија на играни филмови.

Слабиот џентлмен по име Ханес Тоур Халдерсон (32) има избричена глава, тесни рамена и лукав поглед - потполно неупадливо фудбалско резиме.
 
Кога имал 18 години бил во малиот клуб Леикнир од родниот град Рејкјавик, но за две години забележал само три настапи за првиот тим. Поради тоа заминал од екипата и сменил неколку клубови пред да го видат луѓето од најуспешниот колектив - КР. Тоур тогаш имал 27 години и никогаш до тој момент не го сфаќал фудбалот сериозно. Затоа сакал да ја напушти земјата и да се проба во нешто друго.
 
Сè се сменило во последните три години. Во 2014-та година неколку месеци пред да наполни 30 години го потпишал првиот професионален договор во својот живот, а потоа уште еден, после што за него дозна фудбалска Европа. Во 2015-та година холандскиот НЕЦ Најмеген го купува од норвешкиот Саднесм, а во моментов на 32 години брани како позајмен во норвешкиот Бодо/Глимт.
 

Кога ги пакувал куферите да оди во Холандија, сфатил дека дошло време да го спакува и најскапиот предмет - видеокамерата. Во средно школо Халдерсон првпат размислувал сериозно за тоа: Зошто да не стане режисер? На кој му е интересен фудбалот кога можам да заработам пари од снимање филм?

На 12 години го снимил својот прв краток филм - комедија поради која во домот на Ханес се собрале многу негови пријатели. Главен лик во филмот е суперхерој по име Пливачот. Ханес вели дека не се сеќава на тоа време освен што запамтил дека главниот лик носел многу глупаво одело а техниката на снимање не им одела.

Но тој сакал да шета брзо во дворот со камера а потоа го уредувал материјалот. Минатата година Исланд за првпат се квалификуваше на Европско првенство, но во домашното првенство нема некои големи ѕвезди. Во Франција нема да видите ниту еден играч кој настапува во Пепси Лигата.

Поради суровите временски услови на Исланд, тамошното фудбалско првенство трае само неколку месеци - во пролет и во лето, така што пред Ханес никогаш не стоело прашањето: Камера или фудбал?

Пред да замине за Данска во 2014-та тој спокојно се занимавал и со фудбал и со режија. „Прво сум режисер, па после фудбалер. Своите први пари ги заработив како режисер. Тоа е тешка работа, така што понекогаш е понапорно отколку тренинзите во пет напладне", вели голманот на Исланд.

Најамбициозниот предизвик на голманот Ханес бил на почетокот на 2012-та година. Таа пролет исландскиот дует Јон Јоуел и Грета Салоум планирале да го воодушеват светот со песната за Евровизија „Never forget" во Азербејџан. Таму бил и Ханес. Не само што го режирал спотот за песната на дуетот, туку бил одговорен и за другите спотови на конкурсот за песна на Евровизија на Исланд. Еве нешто во врска со тоа:

 

Кога се вратил од Евросонг дома, Ханес веднаш имал корпоративен состанок со најголемата продукциска куќа Saga Film - независно филмско студио што во Исланд донело различни ТВ емисии и формати како што се Х-Фактор, „Диплома", „Кој сака да биде милионер", „ТЛЗВ" и други. Ханс почнал да заработува многу со работата во Saga Film: Редовно снимал реклами за IKEA, Coca-Cola, за спортскиот канал 25Sport2 и многу други познати компании.

Најдобриот исландски голман снимал реклама и за авио-компанијата на оваа земја IcelandAir а во спотот се појавуваат Ханес, Ејдур Гудјонсен и останатите машки и женски репрезентативци на Исланд. „Снимањето е забавно, но тешко е, и понекогаш чудно. Често ме викаат за проекти поврзани со спорт, но никогаш не сакав да ги снимам соиграчите", вели Халдерсон.

Чудно беше. И самиот бев во таа реклама така што морав да им командувам на играчите и оператерите во шорцеви и копачки. Со глумците секогаш сум држел дистанца, а сега наеднаш работев со моите пријатели. Викаа: Ханс, студено е многу, мора ли да останеме? А знаеа дека е неопходно да продолжиме со снимање.“

Главна желба на Ханес му е долгометражен филм со жанр: хорор. Сценариото би требало да биде нешто како дух над снежниот Исланд. Работата не сценариото веќе започнала, а единствен проблем е што ако за една реклама треба најмалку десетина дена непрестана работа, за ова ќе треба месеци и месеци.

Пред три, четири години Ханес можел да си приушти да подолго работно време (цимерот Ејдур Гудјонсен со кој ја делат собата секогаш се смеел колку Ханес може да седи пред компјутер и да инсталира видеа). По трансферот во Саднес, а потоа во НЕЦ Најмеген и Викинг од Норвешка, голманот со право одлучил дека на 30-ина години е право време да се фокусира само на фудбалот.

Покрај тоа во 2011. година првпат дебитирал за репрезентацијата на Исланд, а сега не му е до филм. Особено не вечерва кога ќе игра против Кристијано Роналдо и Кварежма на ЕП.

„Секогаш работев две работи оддеднаш. Сега ќе го посветам сето време на фудбалот. Сакам да станам подобар голман да се развивам и тоа е моја нова цел", констатира голманот на Исланд, Ханес Тур Халдерсон.