Невообичаениот дриблинг на денот ни доаѓа од Исланд, каде внимавајте добро што направи играчов по име Стивен Ленон. Ја прими со грб и со тоа му ја протна низ нозе на противникот, а потоа ја дувна во агол. Па има ли појако?
Како и на Европското 2016, така и сега на Светското Исланд ќе биде една од најинтересните селекции за гледање. Пред сè поради фактот што скоро цела земја ќе отпатува во Русија со „Викинзите“.
Играчите на исландскиот фудбалски прволигаш Стјарнан ги имаат најјаките прослави на голови евр. Еве неколку од нив кои не на памет ни би ви паднале. А и EA Sports мора да ги гледаат редовно па да ги стават во FIFA.
Исланд ни носи снимка од првенствен натпревар кој бил прекинат во 70 минута. Лоши временски услови за ова е благ збор, а среќа и камерите што не рикнале па успеале да снимат нешто.
Откако дознавме за голманот на Велс кој е меѓу најдобрите уметници на оваа земја, сега се запознаваме со чуварот на мрежата на Исланд чија првична професија не е фудбалската, туку режија на играни филмови.
Стивен Ленон кој игра во исландското првенство не е баш познат фудбалер. До 2009 година играл во аматерски клубови, а хет-трикот ова коло ќе го памети најмногу по ножичките.
Болтон соопшти дека потпишал договор со Исланѓанецот кој по 14 години се враќа во клубот од каде замина во Челси. Исланѓанецот играше за 12 екипи во Англија, Шпанија, Исланд, Грција, Холандија и Белгија.
Поранешниот чувар на голот на Англиската репрезентација пред еден месец стана дел од Исландското првенство на ладниот остров, живее на место со 4500 жители и настапува за тимот на ИБВ на игралиште со капацитет од 1500 навивачи.