Нова глобална рекламна кампања под наслов „Ремек-дело“, вклучува слики на Енди Ворхол, Едвард Мунк, Винсент ван Гог, Утагава Хирошиге и голем број други сликари. Во неодамна промовираното анимирано видео, Кока-колата на Ворхол изложена во галерија излегува од своите рамки и почнува да кружи низ рацете на различни ликови од славните слики. На крај студеното шише завршува кај студент кој е на групна посета на музејот, а му го поддава девојката со бисерна обетка на Вермер.
На официјалниот сајт на компанијата сега ги има и сите претставени слики, како и интервјуа со некои од современите автори чии дела се вклучени во рекламата.
Фондацијата на Енди Ворхол се согласила и ја поддржала ваквата употреба на неговото дело. Но други, живи уметници не секогаш се подготвени да го сторат истото. Во ноември минатата година Банкси реагираше на тоа што брендот за облека Гес си се послужил со негово дело за нова колекција без да го прашаат за дозвола.