Унилевер, Марс и другите гиганти за храна и домаќински производи со потпис го најавија своето учество во дигиталната платформа за шопинг која треба да стартува идната година.
За потрошувачите тоа ќе значи дека од 2018 година, стотици брендови односно илјадници производи ќе можат да купуваат по пониска цена.
Се работи за тн "blockchain“ технологија која директно ги поврзува купувачите со производите, правејќи ги одвишни посредниците во нивните меѓусебни односи. За достава ќе се ангажира аутсорсирана мрежа.
Корисниците ќе ги плаќаат производите по набавна цена плус нешто за складирање и транспорт, што се очекува да чини меѓу 10 и 15 центи повеќе во неделната кошничка. Досега трговските маржи на таа кошничка изнесуваа 50 центи.
Драгоцен бонус за производителите ќе биде тоа што ќе имаат тон податоци за тоа што и кога купуваат нивните муштерии. И нормално, ќе нè играат ко деца.
Некои се надеваат дека онлајн шопингот никогаш нема да може потполно да го замени реалното искуство на купување во дуќан во кои се вклопени битни човечки потреби, од задоволување на предаторските инстинкти (ако се вратиш со добар улов), чувството на супериорност (ако си нашол неколку ствари на попуст) па до сеирџиската потреба да фрлиш поглед кон некоја туѓа корпа.