Работата е што искуствата многу повеќе се врзуваат со нашиот идентитет, отколку производите. Освен ова тие имаат поголема општествена улога - луѓето е поверојатно да зборуваат за нив и притоа да имаат поголемо задоволство.
Меѓутоа во меѓувреме се повеќе истражувања се фокусираат на преклопувањето меѓу предмети и искуства, нешто што истражувачите го нарекуваат "искуствени производи" - предмети кои помагаат во генерирање на значителни искуства.
Том Гилович од Корнел Универзитетот се сомнева (уште му е ова само теорија) дека одредена категорија на луѓе станува многу посреќна кога ќе купи некој предмет, во споредба со остатокот од нас. Ова се луѓе кои навистина се напалени на некој конкретен предмет, без разлика дали е видео игра, книга, филм, автомобил или нешто слично.
"Искуството на купување и размислувањето околу истото е подеднакво големо како и самиот чин на купување. Потоа се поврзуваш со други луѓе што купиле нешто слично, како сите луѓе на Комик-кон кои беа на вестите," објаснува Гилович.
Овие две искуства, некои истражувачи ги надополнуваат и со уште еден тип на потенцијално возбудливо трошење пари: плаќање за да немаш искуство. Пример за ова е праксата како купување или изнајмување куќа поблиску до твојата работа, за да се намали времето потрошено на патување. Или користење на сервиси кои ќе завршат некои основни работи за тебе - купување храна, носење алишта на хемиско и сл.
Науката уште ги нема решено дилемите што не' прави повеќе среќни, меѓутоа истражувањата покажуваат дека "има едноставни работи за кои може да се запрашаме пред да купиме нешто: Дали ова ќе биде дел од приказната што јас на други им ја раскажувам за себе. Може ли да замислам како на други им раскажувам забавна приказна околу ова? Дали ова на суштествен начин се врзува со мојот идентитет"