Годината низ бескорисни производи

Човек да не знае што му е понепотребно: сноп гранки од 42 долари или помошен телефон за телефонот што веќе го имаш.

- Софи Бухаи продаваа ретро стегачи за коса од 1990-те (кои и тогаш беа одвратни) по цена од 120 долари.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sophie Buhai (@sophiebuhai) on

 

- Палм мало телефонче асистент на твојот телефон. Палм ги има истите основни функции како смартфонот што го користиш (разговори, пораки, мејлови, постирање на социјални мрежи, фотографии) само што е помал е твојот уред и како ретко кој производ успева да реши проблем кој никој не го побарал да биде решен.

 

- Антрополоџи има сноп гранки за 42 долара. Ако ве интересира нешто повеќе околу производот: гранките се од бреза и стварно нема ништо повеќе околу производот освен тоа. Толку. Гранки бреза обвиени со коноп.

 

- Екстремно искинати фармерки. „Искинати“ а и „екстремно“ ни приближно не ја доловуваат состојбата на „фармерките“. Бонус: Кармар деним овие ги продава за 128 долари.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

The Extreme Cut Out Pant, for those who dare to bare 🎡 #carmardenim #extremecutout #mood

A post shared by CARMAR Denim (@carmardenim) on

 

- Микробранова со која можеш да зборуваш. Разликата меѓу оваа и другите е што ако ти дошло до тоа да зборуваш со микробранови, тогаш веројатно оваа е единствена што ќе ти врати нешто.

31 декември 2018 - 14:40