Живот и забава

Генерација на Оземпик бебиња

Откако беше откриено дека лекот за дијабетес има нус-појава во која го блокира апетитот и драстично помага во слабеење, сега жените открија и негова втора нус-појава, а тоа е дека додека го користат полесно остануваат бремени.

Америка има „расен балансер“ за трансплантација на бубрези

Докторите од новата разбудена и прогересивна ориентација заклучиле дека етничките разлики во читањето на одредени физиолошки состојби е расизам па го елиминирале тој фактор од евалуацијата кому и по кој редослед му следува трансплантација на бубрег. Сега здрав или малку болен црнец може да добие бубрег пред белец што буквално р пред умирање.

На Вијаграта ѝ нема крај

Научници се колнат дека вештачката интелигенција им помогнала да откријат дека редовното користењето Вијагра помага во спречување на намалувањето на когнитивните капацитети кај луѓе во години и спречува Алцхајмер.

Се намерачија да ги гасат и пурите и лулињата

Британските фанатици за јавно здравје имаат нов непријател на повидок: пурите и лулињата. Вадат статистички податоци со фабричка грешка за да ја оправадат својата намера сè што ќе им текне да биде внесено во оној закон по кој на сите родени после 2008 година доживотно им се забранува да купат тутун. Најмногу им било за децата. А никој не гледа сурија деца со лулиња во уста.     

Во 2023 повлечени над 10.000 објавени научни студии

За прв пат во историјата, во 2023 научните журнали повлекоа над 10.000 студии што ги имаа објавено истата година, и тоа е на штета и на науката и на медицината и на развојот на лекови.

Нова секирација за мРНК вакцините

Фактчерите го побиваа раширениот страв дека ковид вакцините, со оглед на тоа што не се класични вакцини туку мРНК, можат нешто да поматат во човековиот ДНК и клетките. Неодамна биле правени истражувања дали тоа може да се случи не на здрави, туку на клетки на рак. Може.  

Зошто толку многу млади луѓе закачуваат рак?

Онколози се од оние лекари кои сешто виделе во својата пракса но за многумина од нив, ништо не ги снеможува така како кога ќе видат млад човек на кого ќе му најдат еден од оние ракови кои обично фаќаат луѓе постари од 65 години. Ќе се помисли на дебелина, алкохол, процесирана храна... но не, рак често фаќаат здрави и тотално фит луѓе, без никакви ризични фактори за канцер.

Нил Јанг се врати на Спотифај

Кога Нил Јанг во знак на протест ја повлече својата музика од Спотифај несакајќи да дели иста платформа со Џо Роган, подкастерот беше ексклузивец под договор од 100 милиони долари. Сега е под договор од 250 милиони, без ексклузивитет. Така можело. Признавајќи дека ја изгубил битката против она што тој го смета за дезинформации, Нил Јанг вели дека следната надеж му е Спотифај бар да го подобри звукот.   

Кога животот ти дава Лемони

Дон Лемон беше избркан од Сиенен. Едно време го немаше па деновиве неочекувано најави ново шоу кое ексклузивно ќе оди на платформата Икс. Обезбеди и интервју со Маск, како најава на новото партнерство. Што направи Лемон после тоа? Отиде во Сиенен, да го олајава Маск како не си ја разбирал одговорноста. Дур си исцедил лимон, Маск му го раскина договорот.

Нов проблем, туширање со прежешка вода

Дневното туширање со жешка вода, што некои го имаат доведено до прлење, ја оштетува и кожата и косата, како што би оштетувало што било друго изложено на топла вода.

Стварно ќе немат љуѓе

Паниката дека планетата е пренаселена и дека веќе нема место за луѓе, последниве години полека се заменува со страв дека нè чека колапс на популацијата, без разлика колку Индија и Африка работеле на нејзино спасување. Кина веќе не може ни сама да си помогне, не на другите.

Жаби ни во Азија не можат да кренат глава од Французи

Ненаситноста на Французите за жабји батаци е деструктивна за природата и ги загрозува водоземците во Азија и југоисточна Европа, алармираа група на научници и ветеринари.

Q&A со Бил Бур: Татко, комичар и тапанар

За неколку дена, Бил Бур тргнува со нова турнеја и стартува во Цезар Арената во Детроит (20.000 седишта). Повторно ќе го прави она што најдобро го знае: да истражува зошто е толкав кретен. Изборите ќе ги игнорира. „Не сакам да прифатам дека оние двајца стари идиоти се најдоброто нешто што го имаме“, вели комичарот чиј филм „Стари татковци“, две недели беше најгледан на Нетфликс. 

Продолжен ковид или продолжена вакцина?

Милиони луѓе страдаат со месеци, ако не и години откако се заразиле со ковид. Таканаречениот продолжен ковид е сериозен но слабо сфатен и проучен проблем. Но, постои загриженост дека и вакцините можат да предизвикаат слична состојба. Од 1.000 пациенти, 70% го добиле проблемот после вакцинација, а не после зараза. Лекари стравуваат дека ваквите наоди повторно ќе бидат цензурирани, како во времето на пандемијата. 

Нè има 1 милијарда

Повеќе од 1 милијарда деца, адолесценти и возрасни низ светот се дебели, односно имаат БМИ од над 30 (до 30 си само прекумерно тежок) преброиле секогаш педантните Лансет. За да не биде дебел маж со 186 сантиметри треба да тежи максимум 103 килограми, а е „нормален“ со максимум 86 кг.

Во CNN се спукале заради Газа

На состанок во лондонското биро на CNN имало незгоден состанок на кој се конфронтиралле две страни: оние што работат на вестите и оние кои ја менаџираат компанијата. Во име на првите се карала влијателната/контроверзната/озлогласената Кристијана Аманпур.  Кавгата била за тоа како се покрива војната во Газа и колку тоа  ги доведува во опасност нивните арапски новинари.

Англиско школо ќе нуди „цигли“ од мобилни

Основно училиште од Бленфорд, Англија, планира од септември за учениците да нуди од оние базичните мобилни телефони, бидејќи со смартфони и сите опции кои со нив ги имаат, децава не можат да се спастрат и да се фокусираат на школото, часовите и лекциите. Родителите се за, за нивните деца не сме сигурни. 

Родовата идеологија е најгрдата опасност на нашето доба

Папата Франциск зборувајќи пред учесниците на симпозиумот „Маж - Жена: Слика на Бога“, ја опишува родовата идеологија како „најгрдата опасност“ на нашето време, бидејќи ги брише сите различности меѓу мажите и жените, кои го прават човештвото уникатно.

Ковид стана грип

Новите насоки од американскиот Центар за контрола на болести се дека четири години по почетокот на најголемата глобална пандемија на нашето време, ковидот веќе може да се третира на ист начин и мерки како и сезонскиот грип,

Јужна Кореја е 75.000 долари сериозна за нови бебиња

Јужнокорејски компании решени да го запрат драматичниот пад на новороденчиња во земјата почнаа да даваат бонуси од 75.000 долари на семејствата кои имаат деца.

Протеинот е штетен за здравјето, ако читаш само наслови

Нова студија објавена во журналот Нејчр метаболизам покажала дека консумирање на преголема количина на протеин е штетна за артериите, бидејќи предизвикува таложење на масти, холестерол и други состојки на ѕидовите на артериите а со тоа го стеснува и го намалува протокот на крв.

Научници одгледале лабораториски тестиси

Научници успешно одгледале „тестиси во тегла“ кои еден ден би можеле да помогнат во решавањето на машката неплодност, која погодува секој 12-ти маж ширум светот. Башка, тие вештачки тестиси би биле драгоцени за луѓе што се занимаваат со македонската политика или пак им се дадени институции на раководење. Ах, како јако ќе изгледа официјалното пречекување на вештачките тестиси на некој наш граничен премин.

Вајс медиа престана со објавување на сајтот на Вајс

Компанијата запре со објавување нови содржини на својата главна вебстрана и во исто време најави дека планира да избрка стотици вработени откако сопственикот не успеа да ја продаде Вајс медиа како пакет.

Тома беше во право: Два смо света различита

Истражувачи во Стенфорд покажале дека машкиот и женскиот мозок сепак функционираат различно, што е сериозен нокдаун за оние кругови кои сакаа да ја потценат биолошката основа на човечкиот идентитет и да го сведат на социјален конструкт. Се разбира, и натаму секој може да се чувствува како сака, само што науката ќе може да утврди дали мозокот му е машки или женски. Ако му го најде.