Современата медицина со години знае дека постојат некои основни физиолошки разлики меѓу етничките заедници кои бараат различни нијанси на здравствена заштита.
Една од тие разлики е што црните луѓе имаат тенденција да имаат повисоки концентрации на креатинин од белите луѓе: до шест пати повисоки.
Она што е нормално за црнец може да биде краен стадиум на бубрежна болест кај бело лице. Овие разлики понатаму се рефлектираат и на составот на телото, особено мускулната маса.
Кога го одредуваат напредокот на едно бубрежно заболување, лекарите користат проценета стапка на гломеруларна филтрација (eGFR) за да утврдат колку брзо бубрезите го отстрануваат вишокот креатинин од телото. Тој параметар се користи и за составување на списоците за трансплантација на бубрег за да се одреди редоследот по кој пациентите ќе добијат бубрези.
До скоро, eGFR вклучуваше пресметка заснована на етничка припадност за да се земат предвид различните нормални нивоа на креатинин.
Е, ама откако „разбудените“ ги освоија речиси сите престижни надлежни институции, решиле дека досегашната методологија всушност е „системски расизам“, па од резултатите на eGFR ги избришале неопходните константни засновани на расата.
Според тим на истражувачи кои објавуваат во списанието на Американското здружение за нефрологија:
Новата формула ќе процени над 10 милиони пациенти кои не се црнци дека имаат или помалку тешка хронична бубрежна болест или воопшто немаат болест, а за повеќе од 1 милион црни пациенти ќе каже дека имаат потешка болест или за прв пат имаат болест. Со оглед на тоа дека новата формула не ги вклучува неопходните расни прилагодувања, овие прекласифицирања погрешно ја прикажуваат реалноста.
Со други зборови, совршено здрава црна личност сега може да добие трансплантација на бубрег пред белец што умира.
Од 1 јануари 2023 година, 6.103 црни луѓе ги преместиле белите луѓе со потешка бубрежна болест на списокот, зголемувајќи го времето на чекање за болните бубрежни пациенти за 1,7 години, а 491 помалку болен пациент добиле трансплантација на бубрег поради нивната раса.