Науката за првпат успеа да покаже дека мозоците на мажите и жените функционираат поинаку, откритие што укажува на тоа дека полот е важен во тоа како луѓето размислуваат и се однесуваат.
Прашањето за тоа дали машкиот и женскиот мозок се различни долги години е контроверзна тема, при што еден дел од академскиот свет беше убеден дека општеството - а не биологијата - е она што ја обликува различноста.
Досега немаше убедлив доказ за разлики во активноста во мозокот на мажите и жените, но Универзитетот Стенфорд покажа дека е можно да се идентификува полот врз основа на активноста во мозочните региони кои се сметаат за жаришта, односно хот-спотови.
Тие ја вклучуваат „дифолтната мрежа на стандарден режим“, област на мозокот за која се смета дека е невролошки центар за „јаството“ и е важна во интроспекцијата и враќањето на личните спомени. Вклучен е и лимбичкиот систем кој помага во регулирањето на емоциите, меморијата и се справува со сексуалната стимулација, како и стриатумот, важен за формирање навики и награди.
Експертите велат дека разликите во мозокот може да влијаат на тоа како мажите и жените се гледаат себеси, како комуницираат со другите луѓе и како се сеќаваат на минатите искуства.
Д-р Винод Менон, професор по психијатрија и бихејвиорални науки на Стенфорд, порачува:
„Ова е многу силен доказ дека полот е силна детерминанта за организацијата на човечкиот мозок“.