Падот на трансродовата Америка

Некој кој бил роден кон крајот на 1930-тите, шансите да тврди дека е „трансродов“ или „небинарен“ практично биле нула. И покрај драматичните промени во сексуалната еднаквост и слобода, следните 60 години тој број се движел околу 0,4%. А потоа, овој број одеднаш се зголемува после 2008 година, кога кохортата родена во 1990 година станува полнолетна. Одеднаш ли биологијата почна толку да греши и да фрла луѓе во погрешни тела?

Доцните милениумци се дигитални староседелци на интернет и социјалните медиуми. Имале 13 години во 2003 година, кога се лансираше пионерската страница за социјално вмрежување Мајспејс,  16 години кога се појави Твитер во 2006 година, 17 години кога се појави Ајфон и Тамблр.

Првпат на претседателски избори гласаа во 2008 година. Кампањата на Обама умешно го искористи интернетот, особено за младите гласачи. Зголемувањето на излезноста кај лицата на возраст од 18 до 29 години беше повеќе од двојно поголемо од вкупниот електорат. 

Традиционално, американските млади гласачи имаа ист тренд како и оние постари од 30 години, со наклонетост кон демократите. Но, во 2008 година, тие не се наклонија туку се срушија во прегратките на демократите. Младите гласачи го претпочитаа Барак Обама пред Џон Мекејн со 68% наспроти 30%, што е најголем удел на младински гласови откако анкетите известуваат за возраста (од 1976 година). 

Дигиталните номади припаѓаат на поинаква, дигитално посредувана култура. Оние по 1990 година пораснаа во таа култура и го следеа патот по кој чекореше првата генерација. Продолжија да се изјаснуваат за Демократската партија (59% за Џо Бајден и 36% за Доналд Трамп во 2020 година). 

До 2008 година, трансродовата и небинарната самоидентификација кај дигиталните староседелци се зголеми повеќе од двојно, на околу 1%. Нивниот број нагло се зголеми од 2008 до 2022 година, кога повеќе од 6% од лицата на возраст од 18 до 24 години изјавиле дека се „трансродови“, а над 3% тврделе дека се небинарни.

Самоидентификацијата како трансродова се зголемила скоро петкратно кај лицата на возраст од 18 до 24 години и четирикратно кај лицата на возраст од 25 до 34 години.

А потоа, како дошло, така прошло. 

Трансродовата припадност кај лицата на возраст од 18 до 22 години се преполовила помеѓу 2022 и 2024 година, од 6% на 3%. Небинарната припадност се намалила уште поостро (од 5% на 2%). 

Биологијата никогаш немала никаква врска со ова прашање и се работеше за социјална зараза, смета Доминик Грин од Вашингтон Егзаминер.

„Нивниот онлајн живот го замени вистинскиот живот, научија да се изразуваат само преку политизирана паника а демократите научија да ги експлоатираат како гласачи и пешадиска армија“.

Помеѓу 2017 и 2021 година, дијагнозите на родова дисфорија кај деца на возраст меѓу 6 и 17 години се зголемиле речиси за трипати, од 15.172 на 42.167. Околу една третина, 14.726 малолетници, започнале со хормонски третман. Најчестата операција кај деца на возраст од 13 до 17 години била отсекување на градите. Во трите години помеѓу 2016 и 2019 година, 48.019 операции за „потврдување на полот“ биле извршени кај 31.668 лица во САД.

За споредба, околу 50.000 непотребни лоботомии беа извршени во име на менталното здравје помеѓу 1936 и 1972 година, потсетува Грин.  

„Трансродовото лудило е суровост без преседан во историјата на американската држава и медицина. Државата и нејзините слуги ги охрабруваа децата да се залажуваат себеси и им станаа партнери во нивното авто-повредување. На врвот на паниката, типичната возраст за дијагноза на полова дисфорија беше 6 години. Демократски политичари, трансродови лобисти, треш научници, здравствени осигурители и даватели на услуги, синдикати на наставници, речиси сите медиуми, стари и нови, како и индустријата за промена на полот, проценета на 2,1 милијарди долари во 2022 година, сите се здружија за да извршат злосторство против американските деца. Мора да има пресметка за тоа“, пишува колумнистот на Вашингтон Егзаминер.

4 ноември 2025 - 11:48