„Затворска казна од 11 месеци за родителот кој тепаше деца на ФК Брегалница“ и „Доживотна суспензија за тепачите на Беса Слупчане“.
Два прекрасни наслови, произлезени од случувањата во мак фудбалот во една непоправлива средина на криминалци и агресивни.
Низата на скандали продолжува и како да нема намера да застане и покрај казните. Случајот со Брегалница е во младинскиот фудбал, а оној со Беса во трета лига.
Но, од мизеријата нема спас ниту во прволигашкиот фудбал, оној кој треба да е водечки, најквалитетен и најпретставителен.
Замислете, само пет месеци откако Кожуф му попушти на Башкими да даде гол во 93-та, пукна нов светски срам, и тоа повторно со Башкими, кој овој пат се најде во обратна улога, печена за нова полициска истрага.
На гостувањето во гостиварското село Чегране, загубија 4:2 од Арсими. Имаме видео од мечот, кој е резил за гледање.
Не треба ништо човек да сугерира за да го сфати овој аматерски и пацерски однос спрема фудбалот.
Само погледнете ја двојната интервенција на голманот при првиот гол и реакцијата на дефанзивците на Башкими при вториот, кои реагираат како шахисти.
Мај 2025:
Светски срам во мак фудбалот, Кожуф му попушти на Башкими да даде гол во 93-та
Директорот и тренерот на Кожуф се казнети зашто кажале дека треба да се загуби