Директорот и тренерот на Кожуф се казнети зашто кажале дека треба да се загуби

Светскиот срам кој пукна на средбата Кожуф - Башкими сè уште е топ тема во мак фудбалот. УЕФА уште во 8:30 следниот ден барала објаснување од ФФМ.

Тренерот на ФК Кожуф, Славчо Георгиевски и техничкиот директор на клубот, пред неколку дена добија забрана за вршење на функција во фудбалот во времетраење од 2 години, после апла наместениот меч на кој се смееше цела земја.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на брифинг со новинарите објасни зошто за сега се казнети овие две лица.

За вмешаност на гостинскиот тим за сега немеа докази.

„Досега се казнети директорот и тренерот на Кожуф, зашто кажале дека денеска треба да се загуби. Случајот е отворен и се решава по него. Веќе следниот ден во 8:30 имавме мејл од УЕФА да дадеме објаснување за натпреварот.

Нема да казниме никој врз основа на шпекулации. Сите прашуваат зошто Башкими не е казнет. Ќе ви кажам отворено, никој досега во изјавите не го спомнал Башкими. Сите велат дека само ни беше кажано дека денеска треба да изгубиме. Индиции има, имаме изјави од играчи, но се водиме само според фактите.

Целиот предмет од МВР и во ОЈО Гевгелија е сработен. Сепак овој случај ни од далеку не е готов“, рече Омерагиќ.

Првиот човек на ФФМ откри и една новина, а тоа е дека од сите прволигашки натпревари ќе има директни преноси. Три на Арена спорт и уште три на МТВ. Најави и дека можно е да име измени во системот на натпреварување.

„Се размислува да се игра четирикружно. Идејата е цело време сите екипи да се борат за нешто. Да нема екипи на средината кои не им требаат бодови. Сакаме секоја средба да носи некаква битка за секого“, изјави Омерагиќ.

Светски срам во мак фудбалот, Кожуф му попушти на Башкими да даде гол во 93-та

Кој платил 12.000 евра за „сигурна двојка“ на Кожуф – Башкими?

27 мај 2025 - 13:30