Таг: кожуф

Лудата тројка на Војдан за делириум и трофеј на МЗТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со доминацијата во мак кошарката. Во финалето на Супер Купот го совладаа Кожуф со 71:65 и со тоа стигнаа до петти трофеј во Супер Купот по ред и вкупно осми. Клучниот потег на мечот го направи Војдан Стојановски со тешка тројка ала Кари од неизградена позиција, на 30 секунди до крај.

Директорот и тренерот на Кожуф се казнети зашто кажале дека треба да се загуби

Светскиот срам кој пукна на средбата Кожуф - Башкими сè уште е топ тема во мак фудбалот. УЕФА уште во 8:30 следниот ден барала објаснување од ФФМ.

Светски срам во мак фудбалот, Кожуф му попушти на Башкими да даде гол во 93-та

Фудбалскиот празник во ЛШ меѓу Интер и Барселона, ни го расипаа пацери од Гевгелија кои треба под итно да ги избркаат од овој спорт. Башкими води жестока битка за влез во прва лига и за тоа доби помош од фудбалерите на Кожуф, кои им подарија победа од 1:2 со срамен гол во последните мигови од средбата. Слепците стоеа во одбрана за намерно да примат гол. Брука невидена за која веќе има жестоки реакции од ФФМ и Министерство за спорт.

Македонски скијачки спуст во лер

Во најновата епизода на македонски синдром на самоуништување, го имаме спортско рекреативниот центар Кожув, на кој човек не може да стапне со скии, а не па да се пушти. А беше најавувано дека ќе стане европски ски центар.