Светски срам во мак фудбалот, Кожуф му попушти на Башкими да даде гол во 93-та
Фудбалскиот празник во ЛШ меѓу Интер и Барселона, ни го расипаа пацери од Гевгелија кои треба под итно да ги избркаат од овој спорт. Башкими води жестока битка за влез во прва лига и за тоа доби помош од фудбалерите на Кожуф, кои им подарија победа од 1:2 со срамен гол во последните мигови од средбата. Слепците стоеа во одбрана за намерно да примат гол. Брука невидена за која веќе има жестоки реакции од ФФМ и Министерство за спорт.