Постојат држави во кои смртните случаи поради рак се намалуваат, веројатно благодарејќи на зголемениот скрининг, намалената стапка на пушење и новите третмани. Меѓутоа, на глобално ниво, ракот е во пораст. Раните карциноми - дефинирани како оние што се јавуваат кај возрасни под 50-годишна возраст - сè уште претставуваат само мал дел од вкупните случаи, но нивната стапка на инциденца расте.
Овој пораст, заедно со зголемувањето на глобалната популација, доведува до тоа бројот на смрт од рани ракови да се зголеми за речиси 28% помеѓу 1990 и 2019 година. Моделите предвидуваат дека и натаму ќе расте. Стапката на десетина видови ракови расте кај помлада популација.
Во САД, колоректалниот карцином - кој обично ги погодува мажите во средината на 60-тите или постари - стана најсмртоносен рак за мажи под 50 години. Кај младите жени, тој стана втора водечка причина за смрт од рак.
Одговори за ова истражувачите бараат во цревниот геном, во геномите на туморите, во начинот и околностите на кој деца растеле пред 50 години, но се чини, не е еден туку комбинација на фактори.
Најголем раст на рани ракови имаат колоректалниот, панкреатичниот и стомачниот канцер но во пораст се и оние на дојка и простата. Во просек, рак на матката во САД растел 2% секоја година од средината на 90-тите до денес а раниот рак на дојка со годишна стапка од 3,8% меѓу 2016 и 2019.
Младите мажи се повеќе погодени од младите жени, Хиспаносите повеќе од останатите.
Освен податоците, за свесноста за проблемот придонесуваат и смртните случаи на познати луѓе. Актерот Чедвик Босман почина од „старински рак“ (на дебелото црево) на само 43 години.
За објаснување често се прибегнува кон стандардните причини: дебелината, процесираната храна, алкохолот, но искуствата од клиниките велат дека често пати се работи за здрави и фит пациенти, без разични фактори. На пример, маратонка од Англија, 32 години - рак на црниот дроб.
Чудни се и некои други разлики: Јапонија и Јужна Кореја се блиску една до друга, имаат слична економија и пристап до храната па сепак, раниот колоректален рак расте многу побрзо во Јужна Кореја отколку во Јапонија.
Проблем е и тоа што во некои земји едвај да се собираат податоци за ова: во Јужна Африка, на пример, податоци за рак имаат за само 16% од популацијата која има здравствено осигурување. Таму уште важи проширената заблуда дека ракот е болест на белците и дека црнци не закачуваат канцер.
Научниците кои се во потрага по одговори а во моментов ги немаат, велат дека е разбирливо што денес слабо стојат со податоци за раните ракови бидејќи никој не претпоставуваше дека ќе дојде до ова. Но, ако и после 20 години се немаат дати на податоци кои ќе го расветлат проблемот, тоа е веќе неуспех и небрежност.