На средбата во Ватикан, аргентинскиот понтиф ја осудува родовата идеологија заради бришењето на разликите и правење сè да биде исто порачувајќи „бришењето на разликите е бришење на човечкото.“
Во говорот, кој во име на Папата го прочита неговиот асистент, се спори можноста дека некој е „згрешен“ во создавањето па подоцна треба да преправа нешто.
„Нашето постоење во светот не е едноставно оставено на можноста, туку ние сме дел од производ на љубов и сме повикани да излеземе од самите себе и да го сфатиме тоа, за себе си и другите,“ се порачува во говорот.
Тој порачува дека „животот на човековото суштество е позив“ кој има релациски карактер:
„Јас постојам и живеам во релација со оној кој ме создал, со реалноста која ме надминува, кон други и кон светот околу мене, во кој јас сум повикан да прифатам конкретна и персонална мисија со радост и одговорност.“
Пораката на Франциск е дека не само што на секој од нас му е доделена мисија во животот, туку „секој од нас е мисија“.