Научниците предупредуваат дека топлата вода го чисти телото од сите природни масти што се на него и доведува до сува кожа и расцветана коса. Освен на физичкиот изглед топлите тушеви влијаат и на добриот сон.
„Проблеми како егзема и псоријаза можат значително да се влошат по туширање со жешка вода,“ пренесува британски Мирор за заклучоците на студијата изработена од Пламбворлд.
Топлите тушеви не се препорачуваат ни за лицата со срцеви проблеми бидејќи „топлината од тушевите прави крвните садови да се прошират, заради што срцето треба посилно да пумпа за да го одржи протокот на крв,“ и може да доведе до лесни главоболки и вртоглавица.
Курцшлусот меѓу топлите тушеви и спиењето е што секое кревање на телесната топлина влијае на природниот процес на ладење на телото кој е неопходен за на телото да му се пренесе информација дека е време спиење.