Повеќе од 500 експерти од истражувачки, ветеринарни и конзерваторски групи го повикуваат Емануел Макрон да преземе нешто за да „стави крај на претераната експлоатација на жаби“ и да им овозможи подобра заштита.
ЕУ секоја година увезува меѓу 80 и 200 милиони жаби, кои во најголемиот дел се јадат во Франција. Претежно тие се увезуваат од Индонезија, Виетнам, Турција и Албанија.
За експертите апсурдно е што ЕУ ја заштитува сопствената популација на жаби, но затоа толерира пеплосување на милиони водоземци низ остатокот од светот.
Научниците бараат Франција да притисне за глобална заштита на жабите и да ги стави под Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови на дива фауна и флора.
Во апелот се наведуваат и студии според кои одредени видови на жаби веќе исчезнале или ќе исчезнат од комерцијалниот увоз во Франција, заради намалената популација предизвикана од преголемото комерцијално искористување.
Дел од поддржувачите на апелот се загрижени за суровоста која преовладува на не-ЕУ пазарите во собирањето и преработката на жабите.