Се работи за бројка која ги изненадува научниците кои очекувале далеку подоцна да се стигне до 1 милијарда дебели. Претходните процени беа дека 1 милијарда ќе има некаде во 2030.
Студијата ја спроведуваат над 1.500 истражувачи кои ја анализираат висината и тежината на 220 милиони луѓе од 190 држави. Тие следат прекумерна и недоволна тежина, првата е БМИ над 30, а втората под 18,5.
Нивниот заклучок е дека во 2022 речиси 880 милиони возрасни и 159 милиони деца биле дебели, а во периодот меѓу 1990 и 2022 стапката на дебели кај деца и адолесценти низ светот е зголемена за 4 чати, додека кај возрасни за 2 пати.
По категории, во 1990 1,7 процент од девојчињата биле дебели, додека денес тоа е 6,9. Кај момчињата од 2,1 во истиот период бројот на обезни пораснал на 9,3%. Кај возрасните во 1990-та 8,8% од жените се во категоријата дебели, за во новото истражување процентот да скокне на 18,5%. Додека бројот на дебели меѓу мажите пораснал од 4,8 на 14%.
Скокот на бројот на дебели на светот се одразил и на намалување на бројот на неухранети, па моментално во две-третини од светот има повеќе дебели отколку оние со недоволна килажа.
Ниту една индустријализирана богата држава, освен САД, не биле меѓу првите држави на листата со најдебело население. На последната ваква глобална анализа во 2017, во врвот на списокот на дебели биле САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Британија.
Ако ви се скореваат јадови, клик тука за БМИ калкулатор.