Старовремските мобилни телефони би се нуделе од почетокот на наредната година и за нив родителите би платиле или симболично или ич, за да не се ставаат во дополнителни трошоци.
Се планира шемата да се темели на изнајмување таков уред кој би имал само телефонски повици и СМС, без сите оние конективни опции кои следуваат со денешните модели.
Понудата би важела за деца од 4 до 11 години.
Наставниците велат дека нивните ученици пречесто наидуваат на интернет содржини несоодветни на нивната возраст, заглавуваат на социјални мрежи или меѓусебе си нафрлуваат клипчиња и селфија, што доведува до проблеми во однесувањето, меѓусебните односи и успехот во школото.
Велат, родителите покажале голема заинтересираност за идејата.
Во некои училишта, учениците ги предаваат на чување своите мобилни телефони кога ќе влезат во школо.