Студијата објавена во Журналот за Алцхајмеровото заболување објаснува дека тимот од Кливленд клиниката прво ги идентификувал сите гени поврзани со патологијата на болеста, а потоа го мапирал взаемното дејство што го имаат 1.600 лекови одобрени од американската ФДА со протеини поврзани со Алцхајмер.
Откако идентификувале 66 лекови кои имаат интеракција со Алцхајмер гените и патологијата, тие го одредуваат силденафил (генеричкото име за Вијагра) како еден од најпотенцијалните лекови.
По ова тимот прави анализа на барања за наплата на осигурување од повеќе од 7 милиони Американци. Откриваат дека лицата кои користеле силденафил било 69% помалку веројатно да развијат Алцхајмер отколку оние што не користеле.
Научниците во посебен експеримент израснале нервни клетки од стем клетки од пациент со Алцхајмер и истите ги изложиле на силденафил. Кај нив лекот го поттикнал растот на клетките а го намалил количеството на токсичен тау протеин, кој обично се развива во раните до средни фази на болеста.
Тоа што го откриваат научниците од Кливленд клиниката е дека силденафил ги активира гените во нервните клетки кои се поврзуваат со раст на клетки, подобрена мозочна функција и намалено воспаление.
Предупредувањето од докторите и од Вол стрит журнал кој пренесува за студијата е дека резултатите не значат дека возрасни мажи треба да се дадат на лапање Вијагра, бидејќи за сега студијата уште е во лабораториска фаза.