Нил Јанг тивко се врати на Спотифај после две години бојкот на најголемата стриминг платформа за музика. Ваквиот потег не мина без реакции, на пример од легендата на бразилското џиу-џицу, Гордон Рајан.
Да се потсетиме: Нил Јанг бучно го најави повлекувањето на својата музика од Спотифај во знак на револт што на истата платформа е Џо Роган, кого вакциналните првоборци го рачунаа за антиваксер. Тоа беше почеток на една крстоносна војна во која на Јанг му се приклучија и Џони Мичел, (за кратко) Кросби, Стил и Неш...
“Кога немаш никакoв морал, тогаш си Нил Јанг“, напиша Рајан, изненаден од најновиот потег на легендарниот музичар и офтика морализатор од времето на пандемијата.
Во тоа време Роган беше ексклузивец на Спотифај, под договор од 100 милиони долари. Сега е со договор од 250 милиони, не не ексклузивно на Спотифај, туку го има и на Јутјуб, Амазон, Епл....
Токму вадењето на клаузулата за ексклузивност Јанг ја искористи како алиби за враќање на платформата, во неговото пасив-агресив објаснување:
„Спотифај, број 1 стримерот на музика со ниска резолуција во светот - Спотифај, каде што добивате помал квалитет од оној кој ние го правиме, повторно ќе биде дом на мојата музика. Мојата одлука доаѓа бидејќи музичките сервиси Епл и Амазон почнаа да ги опслужуваат истите функции за подкаст дезинформации на кои своевремено се спротивставив. Не можам туку така да ги напуштам Епл и Амазон, како што направив со Спотифај, бидејќи тогаш мојата музика би имала многу мал излез за љубителите на музиката, така што се вратив на Спотифај, со искрена надеж дека квалитетот на звукот ќе се подобри и луѓето ќе можат да ја слушнат и почувствуваат целата музика која ја правиме.
********
Нил Јанг зад себе има 42 албума. Вика дека единствена песна за која се кае дека ја направил е оваа: