Иако веќе неколку години настапувам во арени, чувството секогаш ед е малку нестварно, во смисла: како дошле волку многу луѓе, мене да ме видат? Со таквата одговорност не се зезам. Не можеш да правиш такво шоу а да си на авто-пилот, мора да се потрудиш сите да добијат она што заслужиле за нивните пари. Таква ми е работата, секоја вечер.
Кои теми може да се очекуваат од оваа турнеја? Дали таа ќе биде материјал за некоја нова специјалка на стриминг платформа?
Бил Бур: Дефинитивно секогаш истражувам зошто сум толкав идиот. Мојот рецепт отсекогаш бил микс од актуелности, оговарање на мојот семеен живот и лоцирање на оние области во кои добро би ми дошло некое подобрување.
Мислам дека баш тоа е она со кое се врзува мојата публика затоа што никој од нас не е онаков: „денес ќе бидам лош човек“. Никој не го мисли тоа, ама на крајот правите и кажувате работи за кои после се каете а после продолжувате да ја правите истата грешка. Убаво ми е кога луѓето ги допира тоа, се чувствувам дека не сум сам.
На тема рокенрол. Ти си тапанар. Каков ти е комплетот дома и колку често свириш?
Бур: Цело време. Правење стендапи, свирење на тапани, играње со моите деца. Сето тоа ме држи подалеку од мојата глава и ме спречува да забегам во депресија. Имам Греч Бродакастер тапани, два комплета во еден.
Пак се палам на Стив Гад. Одушевен сум од неговото свирење и од тоа како им пристапува на соло делниците. Овие деца денес одма почнуваат со заслепувачки брзо соло и не престануваат со тоа темпо. По некое време, сето тоа почнува да звучи исто, како да паѓате по скали заедно со комплетот тапани.
Кај соло на Стив Гад гледаш како доаѓа бурата ама прво почнува да роси, па доаѓа сè посилен дожд па она најјакото па на крај сè повторно се смирува.
Што ќе им порачаш на оние што ќе дојдат во арената во Детроит?
Бур: Да си поминат убаво. Имаме саат и 40 минути за тоа. Годинава ќе ги игнорирам претседателските избори. Одбивам да го прифатам фактот дека оние двајца стари идиоти се двете најдобри опции што ги имаме. Се чувствувам тажно за сите во оваа земја што се заглавени во тој круг. Ќе зборувам за сè друго освен за тоа.