Живот и забава

Научник станува професија опасна по живот

Вестите за мистериозните смртни случаи и исчезнувања на американски научници почнаа како шпекулации по социјалните мрежи, но стигнаа до Белата куќа и до истрага од ФБИ. Сега се проширија и во Кина. За кратко време починале деветмина кинески експерти за хиперсонична технологија, вештачка интелигенција и вселенски оружја. Чиста случајност.

Јапонија е најљубезна нација во светот

Силната и негувана традиција на учтивост, точност и чистота, ѝ помогна на Јапонија да биде прогласена за убедливо најљубезната нација во светот, далеку пред Канада, според впечатокот на речиси 4.700 испитаници од целиот свет. Канада важи за најпријателска земја, додека за најљубезни самите себе се сметаат Бразилците, покажува ново глобално истражување.

Калифорнија забранува вештачки камен во кујните

Широко користени поради нивниот елегантен изглед и значително пониската цена на производство во споредба со природните материјали, работните плочи од вештачки камен се основен елемент во модерните домови. Но, под полираните површини се крие опасна белодробна болест – силикозата, за која нема лек и често пати има фатални последици.

Вештачките засладувачи можат да го сменат метаболизмот на вашите потомци

Вештачките засладувачи, присутни во сè, од грицки без шеќер до диетални газирани пијалоци, се главниот мамец за многумина кои сакаат да ослабат или демек живеат поздраво. Но, нови истражувања сугерираат дека супстанците би можеле да имаат повеќегенерациски ефекти, потенцијално менувајќи го метаболизмот а идните генерации дури и без директна консумација.

6% од смртните случаи во Холандија се од еутаназија

Со еутаназија лани им бил згаснат животот на 10.341 жител на Холандија, што е околу 6% од вкупниот број смртни случаи. Оваа бројка се зголемува од година на година и не е ограничена само на луѓе што страдаат од неизлечиви болести. 174 лица избрале да умрат со еутаназија поради ментални болести, а 278 поради „други причини“, често пати без оправдување.

Еволуцијата не е стопирана: црвенокоси повеќе, ќелави помалку

Во изминатите 10.000 години, природната селекција придонела за еволуција на речиси 500 гени во ДНК-та на западните Евроазијци. Зголемена е фреквенцијата на светла нијанса на кожата, црвена коса и отпорност на ХИВ и лепра (наречена и Хансенова болест), а намалена на машката ќелавост и подложност на ревматоиден артритис, открива нова студија на 16.000 геноми.

Вооружени со фен добиваат илјадници долари од метео-облози

Откако постојат кладилниците, има и начини да се манипулира со исходот. Се менува само стилот. Порано требаше фудбалер да си даде автогол, или судија да досуди пенал. Откако Полимаркет овозможи кладење на сè и сешто, се прават разни лудории што носат профит, како загревање на сензорите на метеоролошката станица на еден од најпрометните аеродроми во светот.

Природата пулсира во универзален ритам: Две отчукувања во секунда

Изненадувачки голем број суштества, од инсекти па сè до големи цицачи, независно едни од други и од степенот на еволутивниот развој комуницираат со фреквенција од приближно два сигнали во секунда. Ни ние не сме отстапиле далеку од универзалниот просек – правиме два чекори во секунда, а повеќето рок и поп песни се напишани во темпо од 120 битови во минута.

САД бараат гејмери за контролори на летање

За да го пополни недостигот од околу 3.500 контролори на летање, американската Федерална администрација за воздухопловство објави конкурс насочен кон гејмери. Оценила дека нивната способност за концентрирање и брзо донесување одлуки се квалитети што одговараат за една од најкритичните позиции од која зависат животи на милиони луѓе.

Срцето повикува на будност во врска со мелатонинот

Мелатонинот е природен хормон кој организмот го произведува ноќе а чии лабораториски синтетизирани верзии често се користат како помош за заспивање. Консензуално се смета за здрав за срцето. Сепак, една обемна нова студија сугерира дека редовните долгорочни корисници се соочуваат со поголем ризик од срцева слабост, хоспитализација, а со текот на времето, пу-пу, скраја да е.

Новинарската слобода како задолжителна поддршка за Израел

Аксел Спрингер е медиумска империја со седиште во Германија која ги поседува брендовите како Билд, Ди Велт, Политико и Бизнис Инсајдер. Го набавија и британски Дејли Телеграф по што на новинарите на тој медиум веднаш им беше даден уредувачки компас, за да не се изгубат во беспаќата на новинарската слобода. 

Еден по еден, снема десет луѓе со пристап до најголемите тајни на САД

За две и пол години исчезнале или мистериозно загинале десет лица, од чувар до генерал, што имале пристап до најстрого доверливи проекти за вселенски истражувања и нуклеарна безбедност на САД. Конгресмени бараат од ФБИ конечно да спроведе истрага, за да се запрат шпекулациите дека за исчезнувањата можеби е одговорна државата.

Мегаструктурите ни крадат милисекунди

Иако со милениуми ни вршело работа, мерењето на денот според сонцето не е баш најпрецизен метод. Ротациите не се исти а врз нив влијаат различни фактори. Не само големите земјотреси и Месечината туку и огромните градби создадеи од човекот. Најголемата брана во Кина и светот е толку голеема што го забавува движењето на Земјата. Не е тоа многу, ама, малку по малку, отиде животот. 

Не се клади на ВИ

Вештачката интелигенција барем во еден елемент се изедначи со онаа на луѓето – во способноста да губи пари по кладилници. На најнапредните ботови им било зададено да ги погодат резултатите од цела сезона во англиската Премиер лига врз основа на сите достапни релевантни податоци за формата, тактиката, повредените играчи... Сите биле во зијан. Некои банкротирале.

Дигиталната жед ќе нè пресуши

„Прогресот бара жртви“, можат да кажат оние кои се одушевени од развојот на новите технологии кај кои предничи вештачката интелигенција. Но, ако се знае дека еден краток муабет со четбот троши половина литар вода, можеби наскоро ќе дојде време кога ќе треба да решиме за што попрво ни треба таа вода.  

Агенциите на Бајден со години го криеле ризикот од бустерите на Фајзер

Здравствените агенции во времето на Џо Бајден криеле од јавноста важни податоци за ризикот од бустер-вакцините против ковид-19, заклучија истражители од Сенатот откако прегледале околу 2.000 страници со доверливи документи. ФДА и ЦДЦ со години знаеле за врската на бустерите од Фајзер со ризик од мозочен удар кај пациентите на возраст над 65 години.

Нема доброволци за нови вакцини за ковид

Помина времето кога хистеријата за ковидот наметната преку медиумите им овозможуваше на фармацевтските гиганти да прават профити од милијарди долари од вакцините. Откако беa разоткриени манипулациите со имунизацијата, воведени се построги критериуми, а и луѓето одбиваат да бидат лабораториски заморчиња за експериментални вакцини.

Кинески научник го напушти Јеил

Сериозен кинески научник напушти истражувачка позиција на престижниот факултет Јеил за да се врати во Кина. Зад потегот не стои носталгија по дома туку непишаните но и тоа како функционални расни лимити и бариери за научници со кинеско потекло. Плус, во матичната земја на ред е петолетка во која државата дополнително ќе се фокусира на науката. 

Би ја предале возачката на пет години за 25.000 евра?

Во обид да го реши сообраќајниот колапс, најмалата земја-членка на Европската Унија започна контроверзна програма. Владата им нуди на младите возачи огромен паричен стимул доколку доброволно се откажат од своите возачки дозволи и се обврзат да не седнат зад воланот во следните пет години.

Дали Џони Кеш го уби човекот во Рино?

Некои од познатите американски рапери - Травис Скот, Килер Мајк, Т.И., Јанг Таг, Фет Џо - доставија поднесоци до Врховниот суд на САД барајќи судиите да го спречат погубувањето на Џејмс Броднакс на 30 април. Тврдат дека неговиот случај е пример за поголем проблем во американските судници: употребата на рап текстови како доказ во судски процеси.

БиБиСи против кучињата

Во време кога беснее глобално опасната војна во Ирак и Блискиот исток а енергетската криза допрва фаќа нагорна спирала, британскиот јавен бродкастер реши дека тема која треба прописно да ја покрие се кучињата односно дали на четвороножните човекови пријатели им се допушта премногу јавен простор. Некои тврдат дека и ова е сигнал за растечкото влијание на исламот на островот.

Кина брзо ги престигнува САД како светска научна суперсила

Доналд Трамп и неговата администрација „ја среди“ науката со булдожер: избриша повеќе од 7.800 грантови за истражување, намали 25.000 научници од владини агенции и најави десетици милијарди долари дополнителни намалувања на научните средства. Тоа лесно би можело да се врати како бумеранг а веќе постојат рани знаци.

Смртта на Спотифај

Со оглед на денешната апсолутна доминантност на платформите за стриминг на музика, вакво предвидување се чини блесаво, но токму тоа го предвидува еден од највлијателните луѓе во тој бизнис. Моделот има финансиска „фабричка грешка“, ги фаворизира мега ѕвездите а ги изгладнува сите други. Досега се бараа начини како милион луѓе да ти ја слушнат песната еднаш. Во иднина ќе се бараат илјада души што ќе те слушаат засекогаш.

Три милиони години немало врска помеѓу CO2 и глобалната температура

Анализа на прастари ледени јадра на Антарктикот ги разбиваат теориите што послужија како основа за иницијативата за нето-нула емисии на стакленички гасови. Концентрациите на метан и на јаглерод диоксид во атмосферата останале речиси непроменети 3 милиони години - време во кое Земјата поминала низ Леденото доба и трпела големи температурни шокови.