Елитниот Кембриџ се поднови. Со чучавци.

Локалната власт во градот Кембриџ потроши милионска сума за серија јавни вецеа со концепт чучавци. Направено е тоа за да се задоволеле некои специфични културолошки преференци на дел од туристите кои го посетуваат градот. Локалците сега мрчат затоа што треба да платат за да чучнат. 

Лабуристичкиот совет на Кембриџ одвоил еден милион фунти за во градот да направат нови тоалети „со клекнување“, на истокот и југот познати како чучавци. Тврдат дека објектите „навистина го подобруваат градскиот пејзаж“.

На другиот крај се локалните жители кои непријатено се изненадени од потребата да им се удоволи на туристите навикнати на поинаков стил на даунлодирање на цревата.

Особено ги погодува тоа што за новите чучавци и тие треба да платат една фунта за влез.

„Ако треба да потрошам една фунта, сигурно нема да клечам“, вели една возрасна староседелка на Кембриџ. 

Мнозинството се согласува дека ќе било попаметно да се изградат стандардни вецеа кои нема да се наплаќаат а кои ќе ги заменеа старите јавни тоалети карши колеџот Квинс на Универзитетот во Кембриџ кои често беа поплавувани од реката Кам. Во близина е и прочуениот Математички мост, познат дрвен пешачки мост кој секојдневно привлекува илјадници посетители во областа.

Чучавец културата има хигиенска предност за јавни места бидејќи се избегнува контакт на кожата со веце капак кој се споделува со други. 

 

 

11 август 2026 - 17:28