Сенаторите Ренд Пол и Рон Џонсон ја објавија приватната преписка на Фаучи со докторите Вивек Мурти и Рошел Валенски од јануари 2021 година, за која тврдат дека може да има непосредно влијание врз јавното здравје и врз принципот на информирана согласност.
Службениот мобилен телефон на Фаучи, кој му беше предаден на Поткомитетот за истраги на Сенатот, содржи повеќе од 34.000 текстуални пораки и 522 гласовни пораки. Само три контакти на Фаучи биле регистрирани со име. Сите други се појавуваат само како телефонски броеви, што ја отежнува истрагата на Поткомитетот. Се уште е рано да се утврди дали некои пораки биле избришани.
Соговорниците на Фаучи од објавената преписка биле наведени со име. Докторот Вивек Мурти подоцна во администрацијата на Џо Бајден беше главен лекар на САД, а докторката Рошел Валенски беше директорка на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
На прашањата од Мурти дали има какви било податоци или теоретски причини зошто вакцинацијата во раната бременост би била попожелна од онаа во подоцнежната фаза и кога ќе бидат достапни посигурни податоци во врска со ризиците од вакцината за бремените жени?
Фаучи забележал дека „некои луѓе се загрижени поради примањето на генетска вакцина во многу рана фаза од бременоста.

Неколку часа подоцна, укажал на докази за проблеми со втората доза кај бремените жени.
Се појави едно прашање за кое мора да бидете свесни. Бидејќи многу луѓе доживуваат значителни цитокински симптоми и треска со температура по втората доза, таа реакција теоретски би можела да биде поврзана со спонтан абортус во првиот триместар, напишал Фаучи.
Валенски одговорила дека тоа е „дефинитивно добра забелешка, особено по втората доза“, а Мурти напишал дека „слушнал за загриженоста оти мРНК може да предизвика мутации кај фетусот во развој“.
Следниот ден Мурти укажал на тогашната препорака на Светската здравствена организација да не се употребува вакцината на „Модерна“ кај бремени жени поради ограничените податоци. Притоа предупредил дека силната препорака од СЗО против вакцинацијата, заснована на недостиг од податоци, би можела „потенцијално сериозно да ѝ наштети на довербата на јавноста, особено кај трудниците“.
Фаучи одговорил дека надлежните мораат да ги одмерат потенцијалните ризици од вакцинацијата наспроти ризиците што ги носи самиот ковид-19.

Но, Фаучи никогаш не ги споделил овие загрижености со јавноста. Една недела подоцна, изјави дека Агенцијата за храна и лекови досега не пронашла никакви предупредувачки знаци и истакнал: „Засега нема причина за загриженост кога станува збор за бремените жени“.
Во август, додека ја извршуваше функцијата главен медицински советник на Џо Бајден во Белата куќа, изјави дека меѓу десетиците илјади бремени жени следени од ЦДЦ по вакцинацијата, немало „апсолутно никакви индиции“ за зголемени несакани ефекти во споредба со невакцинираните бремени жени.
Сосема е јасно дека бремените жени треба да се вакцинираат, порача Фаучи на 30 август.
Сенаторот Ренд Пол неодамна побара кривично гонење на Фаучи поради одбивањето да сведочи пред Комитетот за домашна безбедност на 29 јули на сослушување, посветено на пандемијата и на федерално финансираните истражувања за „стекнување функции“ кај вируси. За да ја продолжат истрагата, комитетите на сенаторите Пол и Џонсон обезбедија форензичка копија од службениот телефон на Фаучи, а претходно ја добија и неговата преписка од службениот имејл.
******
Види и: Повеќе не се препорачуваат ковид-бустери за деца и бремени жени во САД