Индиските градови се меѓу најгусто населените области во светот, со препознатлива сообраќајна слиока: преполни улици, реки од автомобили, рикши и пешаци. Во историските центри, улиците се екстремно тесни, а зградите се стари со векови. Проширувањето на улиците не е опција бидејќи рушењето на зградите во заштитените и историските центри не доаѓа предвид.
Од друга страна, изградба на метро е скапа и бавна: копањето тунели под густи урбани области со неистражена подземна инфраструктура бара огромни инвестиции и децении работа. Покрај тоа, додека се копа, онаму горе ќе биде дополнителен пекол.
Најпознатиот пример за тоа како може да се реши заглавеноста е древниот град Варанаси, еден од најважните религиозни и туристички центри во Индија.
Градските власти и владата сфатиле дека класичното метро не е изводливо во тесниот лавиринт од улици што водат до бреговите на реката Ганг, па решението го побараа во систем за воздушен транспорт. Гондолите тргнуваат на секои неколку секунди, лебдејќи над покривите на височини од 10 до над 50 метри, со што патниците целосно да ги избегнуваат толпите на земја.

Урбаните гондоли не се нови во светот, ги има во градови како Ла Паз во Боливија и Меделин во Колумбија, но во Индија се идеални бидејќи обезбедуваат брзо и евтино решение.
Жичарниците не бараат патишта или пруги, туку само простор за темелите на потпорните столбови и за станици, што значи дека потребниот простор е минимален. Изградбата трае значително помалку време од подземните или надземните железници, а трошоците често се само мал дел од цената на метро. Системот работи на електрична енергија, што ги елиминира емисиите на издувни гасови и ја намалува бучавата во градот.
Одозгора на тога (копирајт - З.З.), воздушниот коридор нема семафори, сообраќајни несреќи или доцнења, така што времето на пристигнување на дестинацијата останува фиксно.
Само низ една рута од 3,6 километри и пет попатни станици, гондолите на жичарата во Варанаси пренесува 96.000 патници дневно.
Успехот на проектот ги охрабри индиските власти да планираат уште десетина вакви системи во пренаселени урбани зони.