Седлоски: Не дека селекторот се вади, но факт е дека националните тимови во Б дивизијата се подобри
2 октомври 2026
- „Овие момци тука кои се, ве молам дајте им поддршка на сите. Ја подмладивме репрезентацијата, уште ќе подмладувам. Критиките нека одат кај мене, а јас по договор со федерацијата ќе подмладувам. Сакаме да создадеме нови играчи, го кажав тоа по мечот во Љубљана и на тој процес останувам до крај.
- Играме во Лигата Б, не е дека селекторот се вади, туку факт е дека националните тимови се подобри. Кога доаѓав, знаев каде влегувам и знаев со какви репрезентации се игра. Кога игравме и во Лигата Ц се мачевме и во нападот и со головите. Работам, гледам, следам и знам што правам.
- Спремни сме да излеземе на терен, да покажеме карактер и она што го играме во Словенија, од кое можам да бидам задоволен освен од резултатот, да продолжиме во тој ритам, да не се браниме.“, изјави Седлоски.