Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Досегашните долгогодишни мерки против цигарите и пушењето успеаја драстично да го намалат процентот на пушачи во Австралија. Но, остана едно жилаво малцинство кое се покажа имуно на сите мерки на државата а задоволувањето на нивната потреба за никотин создаде голем и понекогаш опасен црн пазар. Бидејќи попаметниот попушта, некои во Австралија сега бараат цигарите да поевтинат.

Лидерката на австралиската десничарска партија One Nation, Полин Хансон, побара намалување од 75% на данокот на тутун и тригодишно замрзнување на висината на акцизата.

Хансон резонира дека ова ќе ги направи цигарите поевтини и со тоа ќе го намали растечкиот црн пазар на нелегален тутун во Австралија.

Според нивните пресметки, ваков потег ќе намали кутија цигари од 46 австралиски долари, колку што отприлика сега се продава, на приближно 21 или 22 долари.

Тоа е ако намалувањето на данокот се пренесе целосно во корист на потрошувачите, иако не постои правен механизам тутунските компании да се принудат на тоа.

Властите веднаш го одбија предлогот:

„Владите обично немаат навика да се вклучуваат во ценовна конкуренција со организираниот криминал“, изјави министерот за здравство, Марк Батлер.

Предлогот на „Една нација“ не е единствен. И либералните власти на Тасманија јавно ја повика владата на Албанезе да ги намали даноците на тутун, не прецизирајќи за колку. Преиспитување на висината на данокот побара и првиот лабурист на Нов Јужен Велс.

Еден извештај сугерираше дека намалувањето на акцизата за 42% во комбинација со посилно спроведување на законите, би можело да го преполови црниот пазар. 

********

Види и:
Тутунски банди водат војни по Австралија
На Австралија црно ѝ било пушено

19 август 2026 - 15:25