Живот и забава

Спортс илустрејтед, речиси па готово

Во ни најмалку неочекуван исход, магазинот кој со децении беше синоним и парите ги правеше од избирање на најсовршените примероци на женскиот род и нивно објавување на насловната страна, ќе затвори само неколку години откако одлучи радикално да ги промени предусловите за појавување на нивните насловни.

Има ли нешто повеќе зад глупиот рефрен на The Police?

Ако најискрено име за еден бенд е „Simple Minds“,  тогаш The Police (заедно со The Doors, дoдуша), имаат едно од најглупите имиња за група. Замислете да им дојдете на другарите од тазе бендот и да им предложите да се виката Полиција (а овие одушевено да ти кажат, браво бе, од кај ти текнуваат вакви работи?). Но, да влеземе малку подлабоко, во еден нивен рефрен.   

Одвеано од ветерниците

Транзицијата кон обновливи извори на енергија е од централно значење за иднина со ниска потрошувачка на јаглерод., но, тоа не оди без негативни еколошки страни. За дивиот свет, од птици до цицачи, ветерниците се она што варварите беа за старите Римјани. Притоа, директната смрт од ротирачките перки е само дел од приказната.

Пола комитет на СЗО за трансродово здравје нема поим од медицина

Не само што во комитетот седат членови кои не се квалификувани медицински експерти, туку најголемиот дел од нив е се родови активисти со контроверзни ставови, пример дека децата со родова дисфорија по дифолт треба да бидат третирани со хормонска терапија и блокатори на пубертет.

Како не сфаќаат дека тие се следни?

Како и повеќето негови медиумски дела, и последниот специјал на Рики Џервејс предизвика контроверзи, што не е страшно ако не беше веќе досадна процедурата која следува: петиција за симнување на „Армагедон“ од Нетфликс (види: Рики Џервејс не се замолчува со петиции). На оваа канселирачка офанзива, Џервејс кажува дека ако поживее, ќе им гледа сеир.

Ковид дистанцирањето повеќе било претпоставка отколку наука

Препораката за 2 метра раздвоеност меѓу луѓе за време на пандемијата на ковид едноставно сама од себе се појавила без некаква научна основа, признал Ентони Фаучи на сведочењето пред Конгресот.

Победниците на Златни глобуси добија мало внимание од 500.000 долари

Тие што имаа среќа да земат или да презентираат награда на Златните глобуси, во пакет со наградата добија и торба со подароци во вредност од половина милион долари.

829 причини за рак

Ракот на дојката е вториот најчест карцином кај американските жени. Познато е дека се работи за хормонска болест и дека многу хемикалии директно го предизвикуваат тој вид на канцер. Но постојат и многу други хемикалии кои помагаат да се појави а ги има во вообичаените производи за широка потршувачка. Брои, брои, не се добројуваат.

Интернетот го покри резилот на Бургер кинг

Корпорацијата Бургер кинг решава несебично да го награди со ранец, карти за кино и Старбакс шолја својот веројатно најлојален вработен кој цели 27 години нема пропуштено ниту еден единствен работен ден. За среќа на работникот, интернетот дозна за ова.

На литар флаширана вода одат околу 250.000 парчиња нано-пластика

Не е ново дека пластичните шишиња испуштаат нано-пластика во водата (а и друга течност) спакувана ви нив, ново е дека таа бројка изнесува 250.000 парчиња на литар.

Вибратор за слабеење

Инженери дизајнирале вибрирачка пилула за слабеење која може да создаде чувство на ситост. Капсулата е со големина на капсула мултивитамин, а во експериментот со свињи, го намалувала апетитот на животните. Пилулата останува во дигестивниот тракт четири до пет дена, со тоа што, после тоа, од веце шољата ќе слушнете едно „цангрр“, пошто од себе ќе испуштите моторче со батерија.

Асошиејтед прес го прогласи плагирањето за „оружје на конзервативците“

Откако афро-американката претседателка на Харвард си даде оставка затоа што беше фатена дека трудови низ нејзината кариера што ја донеле до оваа позиција биле плагијат, една од најголемите глобални новински агенции оцени дека барањето плагијати станало алатка на конзервативците против колеџите.

Американски копиљ го победи Тетрис

13 годишен тинејџер од Оклахома е првиот човек кој успеа да победи во Тетрис, прочуената Нинтендо игрица, која постои цели 34 години. Интересно е што до пред неколку години се веруваше дека на Тетрис има најмногу 29 нивоа. Малиот стигна до 157 ниво по што играта се скрши.

Бакшиш ли е 70 долари?

Вечно недоразбирање има меѓу Американците и остатокот од светот околу бакшишиот во кафана. Во држави во кои келнерите се платени прописно, бакшишот е само доброволно частење заради задоволството од услугата. Од друга страна. американскиот кафанџија не го плаќа персоналот ко што треба, па без парите од башишите, едноставно не се преживува.

Не се бара лек после 75-та година

Езекиел Емануел е познат американски онколог, беше архитект на големата реформа на американскиот здравствен систем позната како „Обамакер“, во доста наврати беше ангажиран во Белата куќа за Барак Обама и Џо Бајден, а го бараа и во пандемијата. Голема прашина дигна неговиот есеј  „Зошто сакам да умрам во 75-тата година“

Шварценегер не смее да дига тешко

После три операции на срцето и замена на уморните и расходувани срцеви залистоци, на Арнолд Шварценегер му е забрането баш она по што стана познат, да дига тегови, бенчови - менчови. Јака животна иронија е тоа, на рамниште на она кога на просечен Македонец би му било забрането после третата ракија да зборува за политика.

Шолја Старбакс кафе потешка од кариера

Водителка на вести на турската телевизија ТГРТ Хабер е инстантно отпуштена откако на последното издание на вестите на бирото до себе ставила чашка со кафе од Старбакс.

Рики Џервејс не се замолчува со петиции

Не еднаш во својата кариера британскиот комичар и ТВ креативец Рики Џервејс покажал дека не се плаши од галамата која ја предизвикуваат неговите заебанции. Сега има петиција за симнување на неговото ново шоу на Нетфликс. Некои биле навредени од една негова груба шала. Им порачува да уживаат во слободата да се чувствуваат навредени. 

Швајцарија ќе го легализира кокаинот

Главниот град на Швајцарија размислува за легализирање на кокаинот, признавајќи дека „војната против дрогата не успеа“. Иако запленуваат стотици тони годишно, преплавени се со кокаин. Белото таму никогаш не било поквалитетно и поевтино. Една доза најчист кокаин се продава по цена не многу поголема од онаа за едно пиво. 

Мегадет: Не сте фер ако сме ви скапи

Како што скопските кафанџии пробуваат да ги правдаат збеснатите цени со зголемените цени на набавките (оти по помалите градови не е поскапено па пак се јаде за попристојни цени), така и некои музичари фатија да им се жалат на фановите дека турните им имаат големи трошоци па затоа картите мора да се толку скапи. А сами да си ги штимаат инструментите, не ги личи.

Колку пари имаа Мекалистер?

Пред традиционалното сезонско повторување на битката меѓу Кевин Мекалистер и двајцата провалници (познати како Мокрите бандити) Њујорк тајмс седнува да пресмета колку пари има семејството што со комбиња патуваше до аеродром за да лета до Париз за Нова година и живее во толкава куќетина.

Комарот како феминистичка алатка

Еднаквоста меѓу половите, јазот во платите, зајакнувањето на позицијата на жената и другите актуелни теми од овој тип се решаваат со разни средства и алатки. Сепак, ова досега го немало: постои компанија која тврди дека жените можат многу да си помогнат и на работното место и дома, само ако научат да играат покер.    

ЕУ членките уништија ковид вакцини во вредност од 4 милијарди евра

Најмалку 215 милиони дози вакцини против ковид-19, во вредност од 4 милијарди евра, набавени во пикот на пандемијата во ЕУ се фрлени бидејќи никој не сака да ги прима. И ова се смета за доста конзервативна проценка.

Разбирањето е во печатен текст, не во дигитален

Читањето печатен текст може да ве унапреди за што и да читате шест до осум пати повеќе отколку читањето на истиот текст ама во дигитална верзија. Читањето печатен наспроти дигитален материјал излегло дека е посебно важно за деца.