Друг член на комитетот смета дека транзицијата не предизвикува какви било здравствени проблеми, и дека единствена реална нус-појава од промена на полот е „значително подобрување на квалитетот на животот и транс радоста.“
Проблем со поставата на СЗО, чии одлуки како агенција на О.Н. се сериозно влијателни, имаат повеќе ЛГБТ и организации за правата на жените, кои стравуваат дека Светската здравствена организација е зафатена од „транс наклонетост“.
СЗО собра 21 експерт со цел да се формулираат насоките како државите да се справуваат со родова дисфорија. Од овие 21, 11 се без никакво медицинско познавање, а 7 се трансродови лица.
По состав, само 8 лица се доктори, а останатите се мешавина од поборници за социјална правда, адвокати за човекови права, советници за политика и истражувачи на сексуално преносливи болести.
Дел од избраните се членови и на ВПАТХ (World Professional Association for Transgender Health), непрофитната организација која работи на промовирање медицински третмани за родова дисфорија, која претходно беше обвинета дека е премногу наклонета кон користење медикаменти.
Најконтроверзен член на комитетот е Лоренс Ашли, транс жена со значителна публика на Тикток, која се залага за укинување на задолжителните проверки за ментално здравје за децата кои сакаат да го сменат полот, пред да им бидат дадени блокатори на пубертет и хормонска терапија.
Од СЗО порачуваат дека насоките кои ќе излезат од работата на комитетот ќе се однесуваат само на возрасни лица, а не на употребата на хормони, потиснувачи и операции кај деца.