ЕУ законите ќе го избркаат Ексон од континентот

Првите луѓе на два од најголемите снабдувачи на гас на Европа предупредија дека ако не можат да работат успешно, ќе бидат принудени да го напуштат теренот. Станува збор за европските регулативи за оддржливост кои предвидуваат казни од пет проценти од нивните глобални приходи. Ако не можат да крадат руски пари или драконски да казнуваат во име на климата, од што ќе живеат евробирократите?    

Извршниот директор на „Ексон“, Дарен Вудс, изјави дека Директивата на ЕУ за корпоративната одржливост ќе има „катастрофални последици“ доколку се усвои во сегашната форма.

Директивата бара од компаниите што работат во ЕУ да ги намалат ризиците за животната средина низ нивните комплетни синџири на снабдување и компаниите ќе ги смета за одговорни дури и во операциите надвор од Европа.

„Ако не можеме да бидеме успешна компанија во Европа, и што е поважно, ако сакаат своето штетно законодавство да го спроведат секаде низ светот каде што работиме, станува невозможно да се остане таму“, рече Вудс.

Се придружи и катарскиот министер за енергетика, Саад ал-Кааби, кој е и извршен директор на „КатарЕнерџи“, кој повтори дека сценариото со стопирање на европските испораки не е блеф.

„Треба да им е јасно дека не можеме да достигнеме нето нула, а тоа е само еден од условите“, рече Кааби. „Многу е важно да го разгледаат ова многу сериозно.“

Вудс рече дека барањето за климатска транзиција - усогласена со целта на Парискиот договор за ограничување на глобалното затоплување на 1,5°C над прединдустриските нивоа - е технички неизводливо.

„ЕксонМобил“ и „КатарЕнерџи“ се меѓу најголемите добавувачи на течен природен гас во Европа, при што американскиот гигант придонесува за приближно 50% од американскиот увоз во ЕУ, додека Катар испорачува помеѓу 12% и 14% од гасот после руската инвазија на Украина во 2022 година.

 

3 ноември 2025 - 14:30