Арнолд Шварценегер имаше три операции на срцето и тоа му остави доживотни последици. Бодибилдерот кој заработи седум титули на Мистер Олимпија и ја прослави „вакуумската поза“, призна дека веќе не смее да дига тешки работи.
На прашањето како оди со фитнес режимот деновиве, Терминаторот (76) откри дека му е дозволено максимум 45 минути на точак и некои лесни вежби.
Да престане со дигање тегови бидејќи тоа не е добро за неговите срцеви залистоци му било кажано уште во 1997 година, кога ја имал првата операција на срцето.
Иако бил свесен за ризиците, не можел да престане да се пумпа, но на крајот морал да попушти - откако беше принуден да прави операции за замена на залистоците.
„Моите заменети срцеви залистоци оневозможија да кревам. Имам пријатели кои продолжија да тренираат, но прилагодени вежби... Тоа зависи од човек до човек. Ако некој со мојата медицинска историја продолжил да вежба со полн интензитет, ќе пукнам од завист“, вика Шварценегер.
************
Рони Колман е бетер. Помлад е од Шварценегер каде - каде (има 59 години), ама колената отидоа: