Освен водителката Мелтем Гунај, отпуштен е и неименуваниот режисер на вестите, а официјалното обвинение е дека со чашката во пренос се обиделе прикриено да рекламираат друга компанија.
Од телевизијата порачуваат и „нашата институција ги знае чувствата на турскиот народ во однос на Газа и ќе ги брани до крај.“
Од почетокот на израелската офанзива во Газа, во Турција се води војна против сите меѓународни компании кои еднострано се прогласени за про-израелски, по основа на нивната сопственост или одбивање да излезат од Израел по почетокот на офанзивата. Меѓу нив е потфатен е Старбакс кој има и минати недоразбирања со својот синдикат.
И пред војната Старбакс во Турција има проблем со синдикатот на тамошните работници. Прво синдикатот објави твит со поддршка на Палестина, па Старбакс го тужеше синдикатот за злоупотреба на логото на компанијата и наштетување на рејтингот.