Од одобрувањето на првите вакцини против корона кон крајот на 2020, членките на Унијата заедно имаат купено 1,5 милијарди дози (повеќе од 3 за секој жител на ЕУ).
Процената е дека на ниво на Унија фрлени се во просек 0,7 вакцини на жител. Најмногу вишок имало во Естонија, повеќе од доза по жител, а на второ место е Германија, која има фрлено најмногу вкупен број на вакцини.
Политико бројките ги добива делумно од директно од владите, а еден дел се од податоци собрани од медиумите. Просечната цена по која ги пресметува вакцините се 19,39 евра за доза. Од вкупно 27 членки на ЕУ само 15 биле волни да откријат колку дози им останале неискористени.
Најголемиот дел од вакцините се купени во пикот на пандемијата кога ЕУ го направи својот најголем договор за купување 1,1 милијарда дози од Фајзер. Во тоа време договорот беше фален и величан договор како еден од најголемите успеси на ЕУ. Ни ЕУ, ни светот се уште нема добиено информација како Урсула фон дер Лејен го има договорено тендерот со Фајзер.