Бакшиш ли е 70 долари?

Вечно недоразбирање има меѓу Американците и остатокот од светот околу бакшишиот во кафана. Во држави во кои келнерите се платени прописно, бакшишот е само доброволно частење заради задоволството од услугата. Од друга страна. американскиот кафанџија не го плаќа персоналот ко што треба, па без парите од башишите, едноставно не се преживува.

Американска келнерка објави кафанска сметка на Твитер очекувајќи разбирање за нејзиниот гнев околу бакшишот што ѝ го оставиле гости од Европа.

„Мразам Европјани“ вика таа откако ѝ оставиле „навредлив“ бакшиш од 70 долари за есап од 700 долари. 

Тоа е 10 посто од рачунот што кај нив се смета за премалку бидејќи и на самата сметка пишале дека бакшишот би требало да почне од 20% па нагоре.

Дури и шефот дошол за да праша што не било добро со услугата. Овие му рекле дека сè било добро, затоа и оставиле бакшиш. Овој им напомнал дека вообичаениот бакшиш кај нив е 20% на што овие ладно рекле „ОК“ и си отишле.

Социјалните мрежи се поделија околу приказната, на една страна Американци, на друга Европјани. Првите најдоа разбирање за келнерката, другите порачуваат овие да ги научат нивните газди да ги плаќаат нормално, а не бакшишот да им биде главнината од парите што ги носат дома.

 

 

 

 

 

1 јануари 2024 - 11:57