Ковид дистанцирањето повеќе било претпоставка отколку наука

Препораката за 2 метра раздвоеност меѓу луѓе за време на пандемијата на ковид едноставно сама од себе се појавила без некаква научна основа, признал Ентони Фаучи на сведочењето пред Конгресот.

Оваа препорака и невозможноста за нејзиното почитување беше една од причините зошто школите низ светот беа затворени бидејќи нема училница што може да собере 30 деца оддалечени по 2 метра меѓу себе.

И пред сведочењето на Фаучи, научници и доктори го критикуваат критериумот за 2 метра дистанцирање бидејќи не им изгледа нешто посебно разумен во однос на ширењето зараза. Фаучи уште во 2021 располагаше со студија која покажа дека и 1 метро дистанцирање врши иста работа како и два метра, меѓутоа тогаш порача дека ја разгледува и дека ако треба ќе се сменат насоките.

Сведочењето на Фаучи пред Конгресот покажало „систематски пропусти на системот за јавно здравје и посочило кон сериозни процедурални слабости кај здравствените власти.“ Под пропусти се подразбира и наметнувањето на задолжително вакцинирање за училишта и фирми.

Фаучи од сегашна перспектива признал и дека политиките и правилата што ги наметнал „за жал можеби ја зголемиле колебливоста кон вакцините за уште многу години.“

Конгресмените кои учествуваат на сослушувањето биле „фрустрирани“ од неможноста на Фаучи да се сети на некои од клучните информации од времето на пандемијата, обвинувајќи го дека покажал „чудесна способност или да заборави што се случило или да најде начин да избегне каква било одговорност за влијанието што го има.“

12 јануари 2024 - 10:52