На почетокот од филмот Хари (ликот на Пеши) му кажува на колегата Марв (Даниел Стерн) дека домот на Мекалистер им е главната мета во богатата населба.
Куќата од филмот се наоѓа во Винетка предградието на Чикаго, една од најскапите населби во САД. Таа има доволно простор за да го смести Кевин и неговите 4 браќа и сестри, плус цела гунгула гости. Според економисти од американските Федерални резерви, куќата во 1990 би можеле да си ја дозволат само топ 1 процент од семејствата во Чикаго, а најверојатно и денес е истото.
Ако се оди по претпоставката дека Мекалистер не трошат повеќе од 30% од своите примања на домување, економистите пресметуваат дека таа куќа би била достапна за домаќинство со примања од 305.000 долари во 1990 година (или околу 665.000 долари во 2022).
Во реалност, кон средината на 2022, слична таква куќа чини околу 2,4 милиони долари. Што според економистите може да е достапна за домаќинство со годишни примања од 730.000 долари, што би било во врвот на 1% во областа на Чикаго.
Во филмот никогаш не е објаснето ни спомнато што работат родителите на Кевин, а дел од претпоставките на интернет е дека Кејт Мекалистер е дизајнерка, бидејќи во куќата се гледаат неколку кројачки кукли. Таткото најверојатно е „бизнисмен“.
На интернет постои и теорија дека таткото Питер Мекалистер е вклучен во мафија, и според оваа теорија нивниот дом е мета на одмазда а бруталното насилство кое Кевин го користи против провалниците е резултат на неговото растење во кое е изложен на криминална активност.
Најчесто споменуваната мерка за нивното богатство е патувањето за Париз. Во него 15 луѓе летаат со повратна карта за Париз, од кои четворица се во прва класа. Се знае дека родителите на Кевин не плаќаат за картите, бидејќи Кејт уште на почетокот на полицијата и објаснува дека братот на Питер, чичко Роб, го платил летот.
Освен што плаќа за летот, Роб, има стан во Париз во кој може да се сместат 15 луѓе со поглед на Ајфеловата кула.
Третиот брат, чичко Френк, живее во Охајо и патува со семејството од Илиноис до Париз. За него не се знае колку пари има, но се знае дека е скржав, откако избегнува да ја плати сметката од 122,5 долари за пици за целата група.