„Оставката на претседателката на Харвард го истакнува новото оружје на конзервативците против колеџите: плагирањето“, гласи насловот на текстот објавен од АП.
Откако текстот беше исмеван по социјалните мрежи, портпаролот на АП за Фокс њуз изјавува дека статијата не е според стандардите на агенцијата и е во процес на апдејтување.
Освен насловот, во текстот АП пишува и дека во случајот со претседателката Клодин Геј голем број академици се зачудени и од начинот на кој се дозна за плагирањето „како дел од координирана кампања за дискредитирање на Геј и присилување на оставка, заради нејзиното инсистирање на расна правда на кампусот“.
„Кампањата против Геј и останатите претседатели на елитните колеџи стана дел од поширок десничарски обид за измени во високото образование кое често пати се гледа како бастион на либерализмот,“ објаснуваат од АП.
Фокс њуз забележува дека АП има посебна страница на тема вредности и принципи на агенцијата, на која стои дека за новинарите плагирањето е неприфатливо.