Главниот град на Швајцарија размислува за легализирање на кокаинот признавајќи дека „војната против дрогата не успеа“. Берн разгледува пилот-шема за да се дозволи продажба на наркотикот од А класа за рекреативна употреба.
Швајцарија има едно од највисоките нивоа на употреба на кокаин во Европа, според нивото на недозволени дроги и нивните метаболити измерени во отпадните води, а Цирих, Базел и Женева се наоѓаат во првите 10 градови во Европа.
Во последните пет години цените на кокаинот во земјата се имаат преполовено а употребата расте.
„Имаме многу кокаин во Швајцарија во моментов, по најевтини цени и највисок квалитет што некогаш сме ги виделе“, вика Френк Зобел, заменик-директор во „Addiction Switzerland“. „Можете да добиете доза кокаин за околу 10 франци, не многу повеќе од цената на едно пиво“.
Лани, само во Антверпен и Ротердам беа конфискувани над 160 тони кокаин. Додека цените паѓаат, чистотата се зголемува. Во Швајцарија 70 до 80 отсто од продадените дроги се чист кокаин.
Неколку европски земји, вклучувајќи ги Шпанија, Италија и Португалија, повеќе не изрекуваат затворски казни за поседување кокаин, но никаде не отишле толку далеку да го легализираат.
„Војната против дрогата е неуспешна и мораме да разгледуваме нови идеи“, вели Ева Чен, член на советот во Берн. „Контролата и легализацијата можеби ќе се покажат подобро од голата репресија“.
Во пилот шемата допрва ќе треба да дефинира каде и како ќе се продава кокаинот.